Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
2Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
ХороскопНеделен хороскоп од 4 до 11.3.2019Неделен хороскоп за периодот од 4 март до 11 март 2019 година.Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе наоѓате љубов на секој чекор и секој ден.нема да биде ништо потребно за да ја остварите.Вакви шанси ќе ве возбудат.Сепак, од другата страна ќе добивате критики.Занемарете ги. Кариера Можеби ќе ви се чини дека вашето знаење и стручност не се вреднувани како што треба.Сепак, во вториот дел од неделата ќе станувате многу потребни за оние за кои работите.Не размислувајте премногу , едноставно работете. Здравје Подобро е да верувате отколку да се сомневате. Овен 21.3-20.4. Љубов Довербата и стабилноста на личните односи ќе станат важни во љубовниот живот.Енергијата ќе ја насочите во постигнување токму на таа стабилност.Партнерот ќе биде пријатно изненаден.Оние кои се сами ќе бараат сериозна врска и ќе веруват дека тоа е веднаш изводливо. Кариера Вашата голема желба за иницијатива ќе добие залет.Меѓутоа ќе треба на почеток да проверите многу детали.Тоа малку ќе ве забави и ќе ве замори.Потпрете се на своите сили и подобро организирајте ја работата. Здравје Вежбајте јога или медитирајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Се поважно ќе ви биде заедништвото во личните односи , а токму тоа ќе ве донесе чекор понапред. Некои ќе размислуваат за почеток на заеднички живот како двојка. Ќе има и такви што ќе си ја освежат својата врска , и секако ќе престанат да приговараат. Кариера Ќе работите без притисок , но со голем придонес. Ќе бидете вредни и подготвени да се понудите за работа секаде каде има потреба.Некои колеги ќе бидат зачудени , зашто не се навикнати да ве гледат во такво издание. Само продолжете. Здравје Уживајте во спортот и во животот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Преокупираноста со домот и семејството ќе биде голема , а вие сте подготвени до крај да се изборите. Оние во стабилни врски ќе го обноват својот еротски живот на различни начини. Оние кои уште бараат сродна душа , ќе бидат упорни и ќе одат до крајност во додворувањата. Кариера Не само што надредените го зголемуваат притисокот врз вас, туку и ве провоцираат.Најдобро е да се повикате на правилата во работењето и стриктно да се придржувате кон нив. Ако тоа не оди , не се впуштајте во киавги , зашто во истиот момент ќе загубите. Здравје Неопходна ви е секојдневна релаксација. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас се искуства и искушенија , кои би можеле да ве збогатат како личност. Ќе има двоумења како да се поставите кон другата страна , но нека критериумот не ви биде само вашето лично задоволство. Бидете тоа што сте и планирајте на подолг период. Кариера Ќе се замислите во улога на иницијатор на работите. Многумина навистина ќе ги раздвижуваат или на свој грб ќе ги носат повеќето работи .Колегите со задоволство ќе се потпираат на вас. Пред вас е интересна недела во која ќе станете свесни за својата улога и сила. Здравје Комбинирајте го спортот со опуштање. Лав 23.7-22.8. Љубов Знаете дека можете повеќе и подобро , но тоа не зависи само од вас. Никој не е совршен па ниту вашата најдрага личност. Прифатете ја таква каква што е и ќе се уверите дека без непотребни притисоци и барања , ќе бидете сосема среќни. Кариера Вработените во услужни дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за помош на колегите.Некои ќе се покажат како добри советници , а своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Ќе има и преодни недоразбирања во комуникациите. Здравје Повремени нервози и мали грижи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се чувствувате како да може да поместувате планини. Саканата личност ќе ви даде поддршка , а комуникацијата меѓу вас ќе се подобри. Многумина ќе бидат среќни. Оние кои уште се сами секако нека излегуваат . Ќе има убави дружби. Кариера Ќе ви недостига енергија за да завршите се што сте планирале, па затоа ќе сепојават замор и нервоза. Работата треба подобро да ја подготвите и да ја испланирате. Не комплицирајте , па ќе успеете се да завршите. Здравје Одете во природа или барем прошетајте се на воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовното секојдневие еден ден ќе ви изгледа како да е од бајка , а другиот ден ќе ви биде здодевно. Оние во врски ќе треба подобро да балансираат и да го негуваат своето паметење за да се сетат дека вчера им беше сосема добро. Кариера Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап.Ќе треба се повеќе да соработувате со колегите , а неретко ќе создавате или прифаќате компромиси. Не го земајте тоа за негативност , зашто повеќе глави подобро размислуваат. Здравје Најдете малку мир само за себе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност .Ова заладување вие нема да го сфатите сериозно , туку ќе го надминете со хумор и позитивен став. Хуморот секако е добар , па сепак внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка. Кариера Ќе можете без најмалку страв да се потпрете на вашите претходни резултати.Некои тоа ќе го искористат да одат чекор понатаму , а ќе има такви кои ќе живеат на стара слава додека е можно. Главно , немојте да заспиете, работата си оди напред , а со неа ќе треба да одите и вие. Здравје Обезбедете си повеќе време за добар сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот ќе стане потивок , подискретен. Оние во врска ќе се наоѓаат на познати места каде што се движат , додека ќе ги занемарат можностите за зилегување на поатрактивни места и настани. Осамените ќе флертуваат со колеги од работа. Кариера Ќе ви се чини дека се можете сами да постигнете.Сепак поддршката од другите ќе ви биде добредојдена.Ќе ја имате , иако нема да сметате на неа. Затоа на време препознајте ја и искористете ја.Повеќе луѓе ќе постигнат подобри резултати. Здравје Верувајте во подобро утре. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се засили потребата за интимност.Затоа многумина кои се во стабилна врска ќе се повлекуваат во својот дом и ќе уживаат заедно.Нема многу да излегувате.За осамените тоа значи повеќе фантазирања , а помалку дружење и шанси за љубов. Кариера Ослободете се од големите дилеми со кои се оптеретувате кога работите не одат како што сте испланирале.Можеби се ќе излезе и подобро од вашата замисла. Поработете на својата флексибилност и отвореност. Резултатите пристигнуваат. Здравје Обезбедете си повеќе сон и повеќе време за размислување. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете сигурни во вашите чувства и без оглед на надворешните услови , нема да дозволите ништо да ви се испречи на љубовниот пат. Освојувачите ќе освојуваат со голема самоувереност , а оние во врска ќе ги поттикнуваат партнерите на позитивен став. Кариера Како што ќе минува неделата, се повеќе ќе увидите дека оние недопирливи или скриени теми добиваат на значење. Кон крајот на неделата тоа ќе стане толку важно , што ќе ја занемарите вистинската работа. Не заборавајте ги вистинските обврски. Здравје Не претерувајте со опуштањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаСДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во СобраниетоПратеничката група на СДСМ и коалицијата го стави барањето и побара Надзорна расправа во Собранието за скандалот со Алта банка! За улогата на Народна банка, за институционална одговорност за измамата на граѓаните!Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаДиректорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FASTНа состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST. На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција. Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици. Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови. Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе. Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаСрамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“. „Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични. Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило. На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред. Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето. „Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter