Често се опишува како „школка на џиновска желка“, бидејќи лимените покриви се толку цврсто споени. Но, тоа не е единствената специфичност на ова место.
Ќе звучи неверојатно, но има повеќе од 1.000 жители, па затоа Мигинго е познат како „најнаселениот остров во светот“.
Оваа информација била доволна за режисерот Џо Хатаба од Дубаи, кој решил да преноќи на необичниот остров и да се запознае со локалното население.
Тој фатил лет до главниот град на Кенија, Најроби, по што патувал шест часа со автомобил до малото гратче Кисуму на брегот на езерото Викторија.
Последната делница ја поминал со брод, а патувањето траело два часа, пренесува Daily Mail.
Двајца кениски рибари Далмас Тембо и Џорџ Кибебе тврдат дека тие биле првите жители на островот, односно дека го населиле во 1991 година.
Како што можете да видите, куќите се изградени една врз друга, а до станбениот простор има продавници, кафулиња, аптека и полициска станица.
„Островот изгледа како фатаморгана“, рече Хатаба додека се приближуваше до својата дестинација.
На својата дестинација пристигнал вечерта, која ја искористил за да ја „впие“ атмосферата на едно необично место, за да открие како луѓето се забавуваат.
„Овде сите заедно подготвуваат храна“, истакна тој, додека една жена му објаснила дека „основен оброк“ значи риба и помфрит.
Ноќта ја поминал во куќа на рибар, а утрото морал да ја посети полициската станица бидејќи чамецот со кој допатувал - исчезнал.
Хатаба извесно време поминал во друштво на рибари бидејќи сакал да ги види на дело.