Не знаел дека неговата бања крие голема тајна зад огледалото- се шокирал (ВИДЕО) - Канал 5

Не знаел дека неговата бања крие голема тајна зад огледалото- се шокирал (ВИДЕО)

Тиктокерот Метју Ман го привлече вниманието на популарната мрежа со серија видеа во неговата бања, каде што направи необично откритие.

Не знаел дека неговата бања крие голема тајна зад огледалото- се шокирал  (ВИДЕО)

Младиот човек тврди дека бил запрепастен откако прво го отстранил огледалото над мијалникот - поради лабава прачка - а потоа останал без зборови од глетката, објавува Mirror.

Што нашол?

„Штом го отстранив огледалото, видов LCD телевизор, кабли, штекер и вградено светло. Бев целосно збунет! Уредот не беше вклучен, а имаше штекер за кабелска телевизија. Не можев да го најдам далечинскиот управувач“, објасни тој.

Метју не можеше да објасни зошто претходниот сопственик го скрил телевизорот зад огледалото? Дали можеби сакал да гледа филмови додека ги мие забите или се бања.

Бројни корисници на Тикток понудија објаснување за необичната ситуација.

@matthewdavidmunn What the hell do I do with this hidden treasure? PART 1 #bathroom #mirror #storytime #whatthehell ♬ original sound - SAINTED

Мислењата беа поделени

„Напуштен проект од некој ИТ експерт“, напиша еден, додека друг додаде: „Огледалото можеби е транспарентно и можете да гледате телевизија преку него.“

Имаше и такви кои го гледаа откритието со доза на страв, а едно лице напиша: „Можеби некаде имало инсталирани камери и тој го гледал снимката во бањата. Целата ситуација е чудна.“

@matthewdavidmunn Replying to @Niugini Niche What the hell do I do with this hidden treasure? PART 2 #bathroom #mirror #storytime #whatthehell ♬ original sound - SAINTED

Средување на скриениот агол

Една недела подоцна, Метју откри дека купил универзален далечински управувач и го средил скриениот агол, за идна употреба.

„Решив да ја претворам мистеријата во нешто забавно“, објави тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер