Повеќе од 300 илјади луѓе се евакуирани во областа Палисејдс во Лос Анџелес по пожарот кој гори од вторникот, а синоќа се разгоре и нов пожар наречен Арчер. Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом повика на независна истрага за тоа како критичните противпожарни хидранти останале без вода со што ја отежнале борбата против шумските пожари во областа на Лос Анџелес. Оваа ситуација дополнително ги разгневи граѓаните чии домови изгореа.
Гувернеру, јас живеам тука. Тоа беше училиште на мојата ќерка, кажете ми што ќе направите во врска со тоа. Нема да го повредам ветувам.
Во моментов разговарам со претседателот Бајден сега токму за прашањето што можеме да сториме за вас.
Зошто немаше вода во хидрантите? Ќе биде ли поинаку следниот пат?
Мора да биде. Се разбира. Ќе направам се што можам.
Но не правите. Гледате ли дека таму тече вода гувернеру, вода излегува, можете да ја искористите.- – Гавин Њусом - Гувернер на Калифорнија
Досега загинаа најмалку 11 лица во пожарите, а претседателот на САД Бајден предупреди дека тој број ќе се зголемува.
-Се уште има многу луѓе кои се водат како исчезнати. Мислам дека оваа бројка најверојатно ќе расте, дали ќе биде драстичен раст не знам, се надевам дека нема. – Џо Бајден – Претседател на САД
И додека локалните власти најавуваат брза обнова противпожарниот оддел на Лос Анџелес се пожали дека скратениот буџет им го отежнал справувањето со огнот.
-Со кратењето на 17 милиони долари не можевме да го направиме тоа што требаше да го направиме. И тоа ни нанесе удар токму за Палисејдс. Ограничени сме во бројот на средства кои можевме однапред распоредиме за справување со пожарите. – Кристин Кроли – Противпожарен оддел на Лос Анџелес
-Со толку многу загубени домови и бизниси, веќе правиме планови за да се осигураме дека агресивно ќе го реизградиме. – Карен Бас – Градоначалник на Лос Анџелес
Од синоќа ветерот е намален што им овозможи на пожарникарите поефикасно гасење на пожарите. Граѓаните кои останаа без домови живеат во неизвесност за иднината.
-Ништо не остана. Моите деца беа родени тука, ги израснавме овде. Повеќе од 30 години, го изградиве сето ова и сега го нема. Не само кај мене, целото соседство го нема. Има илјадници од нас што не знаеме што ќе правиме, што не знаме каде ќе одиме.
-Ништо не остана, овде сум час и половина. Не сакам да заминам.
-Се што знаевме и сакавме го нема. Не само оваа куќа туку целиот град го нема. Целото мое соседство, се со кое пораснав и го сакав и го знаев сега е изгорено.
Бројот на активни пожари изнесува шест а материјалната штета се проценува на 150 милјадри долари. Според проценките уништени се над 10 илјади домови и други објекти.