Не се сите бои за вапсување безбедни: Ако ова пишува на декларацијата, не купувајте - Канал 5

Не се сите бои за вапсување безбедни: Ако ова пишува на декларацијата, не купувајте

Велигден е во недела на 20 април, а тоа значи дека се вапсуваат јајца. За да бидете сигурни дека сте го направиле тоа со боја што не е штетна, важно е да ја проверите декларацијата. 

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Доколку тоа не сте го направиле пред вапсувањето, извадете ја кесичката од ѓубрето и задолжително проверете го составот.

Несовесни продавачи, желни за заработка за Велигден, купуваат техничка боја и ја препакуваат во кесички што потоа ги продаваат како боја за јајца. За да биде купувачот сигурен дека купил прехранбена, а не техничка боја која се користи за бојадисување ѕидови, мора да провери дали на кесичката се отпечатени ознаки од 100 до 180.

Прехранбените бои се прочистени и затоа се поскапи. Техничките и прехранбените бои имаат ист состав, но се разликуваат по содржината на микрокомпоненти во кои спаѓаат и тешки метали, како што се олово, кадмиум, жива и арсен...

Кои бои се безбедни?

Најопасни се анилинските бои. Ознаките Е од позитивната листа покажуваат дека боите се класифицирани како адитиви за храна. Ознаката Е од 100 до 180 значи дека производителот гарантира дека бојата е безбедна дури и ако дел од неа навлезе во јајцето.

Ако ја погледнете етикетата на кесичката со боја, можете да забележите различни симболи кои започнуваат со буквата „Е“, пишува Локално.

Тие можат да вклучуваат и природни супстанции и синтетички хемиски соединенија. Ова се супстанциите што често се користат во кесичките за бојадисување јајца:

Е 102 – синтетичка жолта боја

Е 110 – синтетичка портокалова боја

Е 122 – синтетичка црвена боја

Е 124 – природна темноцрвена боја

Е 133 – синтетичка сина боја

Овие супстанции се одобрени за употреба во храната, а за нив се воспоставени стандарди за безбедна дневна потрошувачка. Ги има во различни видови храна како слатки, колачи, житарици за појадок, месо, сосови, пијалоци, сладолед, јогурти и млечни пијалоци. Тие служат само за естетскиот изглед на храната, правејќи ги производите попривлечни и зголемувајќи го вниманието на потрошувачите, но немаат вкус или здравствени придобивки. Ознаката Е од 100 до 180 значи дека производителот гарантира дури и ако дел од бојата влезе во јајцето.

Треба да се купува само на места кои се под инспекциска контрола, а притоа треба да се внимава и на рокот на траење. Природните бои се производ на билни пигменти. Една од посигурните опции е да ги обоите јајцата со јестиви бои за колачи - пренесува „Блиц жена“.

Желатините настануваат кога во бојата се додава скроб. Обвивки за јајца често се купуваат, но ваквите јајца се расипуваат по два до три дена стоење на собна температура.

Најдобра варијанта се природните бои од зеленчук. Луковината не е веќе единствениот избор. Виолетова боја дава сечкан виолетов зелка, сина – замрзната боровница, портокалова – сечкана морковка, розева – рендана цвекла, жолта – цвет од невен, црвено-циглеста – мелен пипер...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.

Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание.

Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер