3Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
ЗабаваБојадисување јајца со „креп“ хартија – Едноставна техника во 5 чекори со фантастичен ефектВелигденските јајца се фарбаат во различни бои и се украсуваат со разни техники, а овде детално е опишано упатството како да дојдете до најдобри резултати.Велигден има длабока симболика во христијанската традиција, а јајцата како симбол на големиот празник го претставуваат новиот живот и воскресението на Исус Христос, додека црвената боја со која традиционално се бојадисува првото јајце ја симболизира Христовата пролиена крв и победата над смртта. Велигденските јајца се бојадисуваат во различни бои и се украсуваат со разни техники. Во последниве години, доста е популарна техниката со креп хартија. Резултатот е фантастичен бидејќи бојата на јајцата често се прелева давајќи необичен мраморен ефект. Нема прецизни форми, туку повеќе спонтани обрасци кои се прелеваат во неочекувани комбинации, па јајцата се уникатни. Бојадисувањето јајца со креп хартија има бројни предности – не се валкате како со класичните бои кои тешко се отстрануваат, безбедно е и еколошки без никакви токсични материи. Креп хартијата е многу евтина, може да се најде во секоја книжарница, па за малку пари може да добиете преубави јајца какви што нема никој друг. Всушност, овој начин на бојадисување велигденски јајца е одличен доколку сакате да си поиграте со боите и да добиете оригинални резултати без премногу да се мачите. Еве што ви е потребно: Бели јајца (сварени) Креп хартија во разни бои (хартијата мора да пушта боја) Ракавици Вода (топла е подобра) Ножици Салфети или стара крпа Како се бојадисуваат? Креп хартијата ја сечете на мали парчиња со големина 4х4 см, или ленти, во зависност од тоа каков ефект сакате. Јајцето го водените со помош на влажна крпа со вода во која сте ставиле оцет, или директно го потопувате накратко во водата. Јајцето го лепите со креп хартијата, користите разни бои и притискате за убаво да се залепат. Може да користите и проѕирна фолија за да ја задржите хартијата за јајцето. Чекате 5-15 минути додека хартија не пушти боја. Колку подолго стои, толку бојата е поинтензивна. Внимателно извадете ја креп хартијата и оставете го јајцето да се исуши. Потоа може да го премачкате со памук натопен во масло за јајцето да добие сјај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа. Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби. Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter