Не се само гинеколози- на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово - Канал 5

Не се само гинеколози- на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

На еден месец пред формирање на техничката влада, масовно вработување во најава има и во „Македонски шуми“...  

Не се само гинеколози- на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Конкурс за нови 355 вработувања распиша ЈП Македонски шуми. Според објавениот оглас дрвосечачи се бараат во повеќе општини а како главен критериум за вработување е посочува етничката припадност. Апсурдноста на огласот е во тоа што на пример во општина Берово се бараат 12 дрвосечачи и тоа албанци. Во оваа општина според последниот попис од 2021, живее само еден Албанец. Но за вработување Албанци се бараат и во други етнички македонски општини како Крива Паланка, Демир Капија и Кавадарци. И таму пописот покажа дека се општини во кои има по еден или пак воопшто нема албанци.

Национални шуми е дел од бројните државни претпријатија кои периодов пред формирањето на техничката влада масновно вработуваат. Пред неколку дена голем револт во јавноста предизвика и огласот за вработување на 6 специјалисти во Клиниката за гинекологија, со главен критериум исто така етничката припадност..

Токму ваквите огласи беа едно од прашањата на кои се осврна претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска прашана околу тоа дали со нив се прекршува уставното право на еднаквост на граѓаните. Таа е децидна дека националноста не треба да биде главен приоритет при вработување.

„Не можете да објавите конкурс и да речете, пример три места за советник на судот и да ставите во заграда, двајца албанци и еден македонец или обратно, тројца македонци, не може да стои дека тројца македонци ќе примите, сите се еднакви, тој што покажал најдобри резултати, тој ќе биде вработен во Уставен суд, барем додека сум јас тука.“

Министерот за здравство Фатмир Меџити, по огласот за гинекологија изјави дека знаењето и искуството треба да бидат пред сè, но Законот за вработени во јавен сектор предвидувал да има правична застапеност на етничките заедници во сите институции. Премиерот Ковачевски кажа дека само на Западен Балкна етничката припадност е професија, но законот мора да се почитува додека не се промени..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 138 милиони денари за реконструкција на 18 улици

Во Аеродром, во Долно Лисиче се гради нова спортска сала, а во Ново Лисиче мултифункционален културен центар.

ВМРО-ДПМНЕ: 138 милиони денари за реконструкција на 18 улици

Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да инвестира во развојот на општината, во подобра инфраструктура, современо образование, подобри услови за децата, чиста животна средина, спорт и безбедност.

Во изминатиот период реализирани се и започнати голем број проекти низ сите населби во Аеродром, со цел граѓаните да добијат подобри услови за живот и функционална општина.

Еден од најголемите инвестициски циклуси е во сообраќајната инфраструктура, за што се обезбедени 138 милиони денари за реконструкција на 18 улици со вкупна должина од 5,4 километри. Целосно е реконструирана улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, се реконструира „Лисец“ во Горно Лисиче, а се работи и на повеќе краци од „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“.

Паралелно се уредуваат и други сообраќајни и пешачки површини, а со поддршка од Градот Скопје е реконструирана улицата „Фрањо Клуз“ во должина од еден километар, додека на кракот од булеварот „Трета македонска бригада“ е поставено ново улично осветлување.

Во следниот период продолжува модернизацијата на јавното осветлување преку воведување смарт-осветлување, со кое ќе се обезбеди поефикасен и поекономичен систем.

Се инвестира и во водоводната инфраструктура, така на улицата „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче е поставена нова водоводна мрежа во должина од 1.000 метри, инвестиција од 12 милиони денари, обезбедени од македонската Влада, а во Долно Лисиче се реализираат активности за унапредување на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето.

За Општина Аеродром, образованието е меѓу најважните приоритети, па така веќе е ставен во функција новиот објект на ООУ „Блаже Конески“, а во тек е втората фаза со доградба, нова спортска сала, спортски терени и уредување на училишниот двор.

Во ООУ „Александар Македонски“ се обезбедени услови за целосна едносменска настава, во ООУ „Димитар Македонски“ учениците од шесто до деветто одделение од 1 септември следат настава во една смена, а во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче се градат шест нови училници и две канцеларии.

Дополнително, училниците се модернизираат со современа технологија, смарт-табли и таблети, најуспешните ученици и наставници се наградуваат, а преку топлински пумпи и фотоволтаични системи, се инвестира во енергетската ефикасност на училиштата.

Подобри услови се создаваат и во детските градинки, така што во тек е постапката за проектирање на првата градинка во Долно Лисиче, со проширувањето на „Изворче“ во Стар Аеродром ќе се обезбеди простор за повеќе од 400 деца, по 33 години е реконструиран горниот кат на „Буба Мара“, а во „Бамби“ е поставена нова термофасада.

Особено внимание се посветува на децата со развојни потешкотии и попреченост преку бесплатни логопедски и дефектолошки третмани и активности за инклузивно образование.

Општина Аеродром, исто така, продолжува со мерки за поддршка на семејствата со новороденчиња и првачиња, додека со мерката „Нула комуналии – прв дом за млади“, младите до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии при создавање на својот прв дом, а преку официјализирана соработка со Здружението на пензионери Аеродром е обезбедена финансиска поддршка за активностите на највозрасните граѓани.

За почиста и позелена општина, само во првите месеци се исчистени повеќе од 600 тони отпад и голем број диви депонии, започна и селекцијата на пластичен отпад директно од домаќинствата, додека во Ново Лисиче е поставен систем за полевање во должина од 2,5 километри со повеќе од 300 прскалки и се набави нова механизација за одржување на зелените површини. Од друга страна, во соработка со Градот Скопје и Општина Гази Баба се преземаат активности за решавање на проблемот со „Вардариште“.

Се обновуваат детските игралишта, спортските терени и јавните површини. Во паркот „Авионче“ е изградено ново кошаркарско игралиште, а се поставуваат и нови фитнес и калистеника-зони.

Во тек е изградбата на првата спортска сала во Долно Лисиче, а жителите на Аеродром имаат и можност за бесплатно користење на тениските терени, додека во Ново Лисиче започна изградбата на првиот мултифункционален културен центар, кој ќе понуди нов простор за културни настани и содржини за сите генерации.

Започната е реализацијата на проектот за видеонадзор во општината, а паралелно се подобрува уличното осветлување и се засилуваат контролите на комуналниот ред, бучавата и градилиштата, а општината продолжува и со унапредување на транспарентноста и комуникацијата со граѓаните, со можност за анонимно оценување на работата на администрацијата.

Аеродром се развива со конкретни проекти, инвестиции и работа на терен.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во продажба монета од еден долар со ликот на Трамп

Ликот на Доналд Трамп се појави на американска монета, што го прави првиот жив претседател што се појавил на американската валута по повеќе од еден век. 

Во продажба монета од еден долар со ликот на Трамп

Ковачницата на пари на САД во среда издаде комеморативна монета од еден долар со портретот на Трамп и зборовите „во бог веруваме“. Монетата е издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си. Ковачницата соопшти дека специјалната серија монети го отелотворува „духот, гордоста и наследството на една нација што се приближува кон својата историска годишнина“. Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а кеса од 100 чини 154,50 долари. Само неколку часа по почетокот на продажбата, веб-страницата на ковачницата објави дека сите залихи се распродадени.

Монетата е „дизајнирана да ја прослави оваа историска национална пресвртница“, а нејзиниот дизајн „што се случува еднаш во генерацијата“ треба да стане „истакнат додаток на модерните колекции“, додаде ковачницата. Монетите се достапни и преку автомати во продавницата на ковачницата на САД во Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Министерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот

Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.

РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.

Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.

„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер