Не се откажува додека не се согласи: Памела Андерсон сака на ручек со Путин - Канал 5

Не се откажува додека не се согласи: Памела Андерсон сака на ручек со Путин

Познатата актерка и канадската секс-бомба Памела Андерсон го покани претседателот на Русија, Владимир Путин на вечера или ручек.

Не се откажува додека не се согласи: Памела Андерсон сака на ручек со Путин
Во писмото кое го упатила до амбасадата на Руската Федерација во Вашингтон познатата “чуварка на плажите“ го замолила шефот на Кремљ да се сретне со неа за да разговараат за заштитата на животните.

„Имам глас во меѓународната заедница и би сакала да го искористам, колку и да е скромен, за да помогнам овој свет да стане подобро место за сите живи суштества. Мислам дека можеме многу да направиме заедно за светот да биде подобро место за живеење за нашите деца“ – стои во писмото на Андерсон.

Актерката и најпознатата Плејбој зајачица, која се посвети на зачувувањето на животната средина, додаде дека Русија веќе и помогнала во таа борба.

„Москва беше клучна во спречувањето на Канада да лови фоки поради нивните крзна. Би сакала лично да дојдам во Москва и да се сретнам со Путин на ручек или вечера, или ако е зафатен, тогаш со министерот Сергеј Донски, за да добијам повеќе информации за руската посветеност во борбата за заштита на животната средина и за различноста на животинските видови – напишала Андерсон во второто писмо адресирано до Путин овој месец.

Каков ќе виде одговорот на Путин се уште не е познато, но министерот за природна средина Сергеј Донски, веднаш ја прифатил поканата на Памела.

Рускиот претседател е познат по тоа што сака да ги посетува холивудските и другите филмски ѕвезди, како Орнела Мути, Жерар Депардие или Стивен Сеган, па прифаќањето на поканата не би било воопшто чудно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, судири со полицијата...

Во Франција синоќа, за време на протестите низ целата земја, приведени се 296 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Видео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, судири со полицијата...

Според Министерството, на демонстрациите учествувале околу 320.000 луѓе, додека организаторите проценуваат дека бројката достигнала речиси 500.000.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во Париз се собрале околу 70.000 демонстранти, додека младинските синдикати тврдат дека во главниот град протестирале околу 200.000 луѓе, пренесува телевизијата БФМ (BFM TV).

Демонстрациите, кои претставуваат трет бран на социјална мобилизација во последните три недели, првично беа мирни, но доцна попладнето дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови, меѓу кои Париз, Лион, Марсеј, Бордо, Лил и Нант.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека радикални групи во неколку градови се обиделе да навлезат во градските центри за да предизвикаат немири, вандализам и грабежи, но полициските сили ги спречиле во тоа.

Во Париз во близина на Порт де Шарантон, дошло до судири при што маскирани демонстранти фрлале предмети кон полицијата, а биле забележани и запаливи направи.

Полицијата одговорила со солзавец, а интервенирала и единицита за разбивање демонстрации.

Во Марсеј, според проценките на префектурата, се собрале до 10.000 луѓе, а откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон полицијата, безбедносните сили употребиле сила за да ги растераат групите што предизвикуваа немири.

Во Лион, според податоците на префектурата, протестирале 19.000 луѓе, додека во Бордо полицијата изброила 11.000 демонстранти. Сепак, според проценките на синдикатите, во Бордо на улиците излегле околу 70.000 луѓе. Во Тулон, во протестот учествуваа околу 1.000 луѓе, при што осум лица биле приведени, додека во Ница, демонстрациите со околу 4.200 учесници завршиле без посериозни инциденти.

Француските власти го оцениле синоќешните собир како настан со висок безбедносен ризик, поради што низ целата земја беа распоредени околу 70.000 полицајци и жандарми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер