Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
2Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
ЖивотНе можела да забремени,па родила четворки-сопругот паднал во несвест(ФОТО)Жена на која и било кажано дека не може да забремени роди четворка и сега има пет деца.30-годишната Натали Мари од Робурн, Австралија и нејзиниот сопруг Кан со години се обидувале да имаат дете пред да остане бремена и да ја роди ќерката Кики, а пред неколку месеци роди и четворка. Пред неколку години, на Натали и била дијагностицирана „необјаснета неплодност“, наречена „ановулација“, што значело дека мора да и се инјектираат хормони за да се стимулира редовната овулација, пренесува „Сан“. View this post on Instagram FAMILY ❤ Our babies are 8weeks old today! As fast as that time has gone, i don't remember a time we didn't have all 5 children. These amazing photos show love, happiness, and our new family of 7, but don't let them fool you. Our nights are long, very tiring and most days we are just putting one foot in front of the other! I know this period won't last forever and we will forget this sleep deprivation feeling. So for now we are just riding it out. Thankfully with the help of some wonderful family and very good friends 🙌. Last week we had the pleasure of having @bobbilockyer from @hedlandphotographer photograph of our family! How adorable are these photos! #kikiandthequads #love #family #newbornphotoshoot #ourfamily #hedlandphotographer #photoshoot #newbornphotography #memories #8weeksold #familyof7 #myheart #newborn #premmies #fertility #fertilityjourney #motherhood #quadruplets #highordermultiples #mumlife #sleepdeprived A post shared by Natalie Maree (@kikiandthequads) on Sep 14, 2020 at 4:09pm PDT И иако имала случаи на близнаци во семејството и била подготвена за тоа, не очекувала да открие дека носи четворка. Во седмата недела од бременоста, таа ја открила веста по прегледот и рекла дека не може да верува. Отпрвин мислела дека се близнаци, но докторот ја поправил. "Тројки! Плачев. Но, лекарот одмавна со главата, а потоа без збор крена четири прста во воздухот", се сеќава таа. Натали додаде дека нејзиниот сопруг ,кога слушнал се онесвестил. View this post on Instagram 𝟑 𝐌𝐨𝐧𝐭𝐡𝐬 𝐄𝐚𝐫𝐭𝐡𝐬𝐢𝐝𝐞 ❤ 𝐌𝐀𝐃𝐃𝐈 𝐥𝐨𝐨𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐨𝐮𝐭 𝐭𝐡𝐞 𝐰𝐢𝐧𝐝𝐨𝐰 𝐌𝐀𝐈𝐎𝐇𝐀 𝐧𝐨𝐭 𝐜𝐲𝐫𝐢𝐧𝐠 𝐟𝐨𝐫 𝐨𝐧𝐜𝐞 𝐌𝐀𝐑𝐋𝐄𝐘 𝐜𝐚𝐮𝐠𝐡𝐭 𝐦𝐢𝐝 𝐲𝐚𝐰𝐧 𝐅𝐑𝐀𝐍𝐊𝐄𝐄 𝐫𝐞𝐚𝐝𝐲 𝐭𝐨 𝐭𝐡𝐫𝐨𝐰 𝐚 𝐩𝐮𝐧𝐜𝐡 #love #quadruplets #highordermultiples #momsofinstagram #kikiandthequads #siblings #quadrupletpregnancy #newborns #fertilityjourney #ourbabies #familyof7 #premmies #nicu #life #family #journey #mumlife #motherhood #infertility #pregnant #premature #6weeksprem #12weeksold #3monthsold #mumsofinstagram #babies #maioha #frankeegene #marleyrose #maddisongrace A post shared by Natalie Maree (@kikiandthequads) on Oct 12, 2020 at 7:21pm PDT Четворките се родени на 21 јули во интервали од само неколку минути. Мајката на пет деца сега редовно споделува детали за своето мајчинство на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 28.000 луѓе. Таа сè уште зборува за својата бременост како чудо, но пишува и за предизвиците во воспитувањето на пет деца. Таа вели дека со нејзиниот сопруг им е потребен час и половина да ја нахранат четворката и штом ќе заспијат, веќе одбројуваат до следниот оброк. Таа неодамна објави и фотографии од трудничкиот стомак кои привлекле големо внимание, а многумина ја пофалија за „прикажување на реалноста“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжувањеСамо околу два месеца по последниот ребаланс, Мицкоски повторно најавува можност за ново прекројување на народната каса. Нема пари. Мицкоски признава дека има помалку пари од приходи, дека се зголемува дефицитот. Обидот целиот буџетски проблем да се оправда со намалениот ДДВ за горивата е класична манипулација. Владата не се откажа од акцизата и не го намали ДДВ на горивата на 5%. Проблемот е многу поголем. Затоа дефицитот на крајот на годината ќе биде над 900 милиони евра! Претседателот Филипче веќе со месеци предупредува дека состојбата со државата каса е катастрофално лоша поради арамиските политики на Мицкоски и дека буџетската дупка се зголемува. Тотален дебакл на сите економски политики на Мицкоски. Очигледно следува нов ребаланс а со тоа со сигурност и ново задолжување, нов арамилук врз грбот на народот. Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија. За две години оваа власт го задолжи народот со 4 милијарди евра. Половина од долгот на државата во изминатите 35 години арамијата го направи за само 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то. Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО и арамијата Мицкоски. Скопје, 01.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти.На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти, нагласувајќи дека тие се најголемиот потенцијал што го има Македонија. „Овие млади луѓе избрале со високо образование да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаења и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзи технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставување прашања и истражување. Бидете љубопитни и храбри во потрагата по нови знаења“, рече министерката Јаневска во обраќањето пред студентите, професорите и академската заедница. Покрај предавањата, колоквиумите и испитите, студентите имаат можност за вклучување во истражувања, научни проекти, академски размени, летни школи и различни обуки, а Јаневска ги охрабри да ги искористат затоа што ќе им отворат нови хоризонти. „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата. Токму затоа високото образование е еден од нашите најважни приоритети. Во Министерство за образование и наука посветено работиме на создавање подобри услови за студирање, на модернизација на студиските програми, поголема поддршка за науката и истражувањето и на јакнење на врските меѓу високото образование и потребите на пазарот на труд“, посочи министерката Јаневска. Во оваа насока, спроведени се евалуации на дел од постојните студиски програми, а акредитирани се и повеќе нови, со цел понатамошно усогласување на високото образование со европските стандарди и потребите на општеството. Со порака дека Министерството ќе продолжи со конструктивна соработка со студентските организации, Јаневска ги повика студентите активно да учествуваат во академскиот живот, да ги споделуваат своите предлози и иницијативи и да придонесуваат во креирањето на подобри услови за студирање, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи да биде нивен партнер во унапредувањето на студентскиот живот и образовниот процес. Во делот на студентскиот стандард оцени дека се реализираат значајни инвестиции во студентските домови. Два студентски дома во Скопје се темелно и енергетски ефикасно реконструирани – „Стив Наумов“ е веќе вселен со студенти, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Во наредниот период ќе продолжи модернизацијата и на останатите студентски домови во државата. Јаневска го најави новиот конкурс за студентски стипендии, кој покрај постојните ќе опфати и нови категории на корисници, меѓу кои и студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, со цел да се овозможи поголема достапност на високото образование за сите млади. Посакувајќи успешна академска година, министерката ја нагласи важната улога на професорите во создавањето образовани, одговорни и етички личности кои ќе придонесуваат за развојот на општеството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиотОва е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател.Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Почитувани, Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. За крај, како координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудувам говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook