Не издржа ни година и пол - се распаѓа новиот мост во центарот на Скопје

По само нешто повеќе од една година користење, мостот кој води до народниот театар, на само 50тина метри од плоштадот Македонија, се распаѓа.

Поставените плочки се откачени и расфрлани по тревниците, а столбовите испукани. Хигиената е посебна приказна, на секој чекор има смет, расфрлани се отпадоци од јадење, лименки и стакло. Посебна приказна се новите поставени куќарки во кој требаше да се продаат книги. Тие се унипштени. Непознати лица влегуваат внатре, го иништуваат инвентарот купен со парите на граѓаните, а се упторебува и како тоакет. Се ова се случува во најстрогиот центар на главниот град. Слична е сликата и од другата страна на мостот.

-Ова е скулптурата на легендарниот Петре Прличко, кој е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија, па присуството на неговото спомен обележје, во целата оваа негрижа, сликата за ова место ја прави уште потажна.

Скопјани се револтирани од негрижата на сограѓаните, а го искритикуваа и квалитетот на градбата.

На само неколку метри е и симболот на Скопје – Камениот Мост. Негрижата за историјата и културното наследството најмногу може да се забележи на ова место. Сводовите се користат како тоалети, помеѓу камените блокови веќе изникнале трева и гранки, а целата заштитна ограда е прошарана со спреј. Граѓаните велат, сликата е тажна...

Од конзерваторскиот центар на Скопје велат дека по неколку пати во месецот се санира вандализираното на „Камени“, па апелираат до граѓаните на поголема совесност...

Се распаѓа и новиот плочник кај „Порта Македонија“ кој чинеше илјадници евра. Она што е наменето за пешаци и за возила кои дотураат роба, сега се користи како паркинг кој секојдневно го руинира плочникот.

-По само една година, не само мостот, туку и овој нов плочник кај Порта Македонија, преку кој, поради нерегулираниот сообраќај, постојано поминуваат возила.

Градоначалничката на Скопје Данела Аросвска неколку пати дека е свесна за проблемите со вандализирањето низ градот, а решението го гледа во конечно формирање на комуналната полиција, која конечно би воспоставила ред во градот.

Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

притисни ентер