3Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
ЗабаваНе и се допадна што ја сликале топлес!Преубавата манекенка им одговори на папараците кои ја сликаа топлес: Нарушени ми се правата на приватност!Сара Сампаио, еден од ангелите на Викторијас Сикрет, со отворено писмо им с еобрати на папараците кои „ја фатија“ на јахта, како се сонча топлес. - Како би се чувствувале ако вие едно утро видите фотографија на вашата 25 годишна ќерка во топлес секаде на интернет? Вашата ќерка никогаш не направила ништо лошо, таа само се сончала, не била на јавно место, си ја гледала својата работа? - напиша Сара на својата ФБ страна. Таа понатаму објаснува дека немала претстава дека некој на одморот Во Франција ја сликал. - Некој од голема оддалеченост, со голем телескопски објектив, ме сликал. Некој ќе каже дека тоа оди со работата со која се занимавам, но... имам работа и приватен живот. Кога ќе дојдам дома очекувам луѓето да ја почитуваат мојата приватност - вели Сара. - Во какво општество ние живееме кога луѓето се платени да шпиунираат други луѓе и да им ја нарушуваат приватноста. Како млада девојка се чувствувам повредено - упорно објаснува убавицата која е незадоволна не само од тоа што ги видела своите разголени фотографии на интернет, туку ја заболеле и некои негативни коментари во кои луѓето наоѓаат мани на нејзиниот физички изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центарОпштина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68. Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа. „Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент, да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСелекторот Берокал ги одбра 12. кошаркари за дуелот со КипарСелекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар.Селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во составот на Македонија се наоѓаат и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките за овој дуел. Конечниот состав на Македонија: Ненад Димитријевиќ Виктор Ташовски Виктор Ефремовски Војдан Стојановски Лука Стојановски Адем Мекиќ Стојан Ѓуроски Резарт Мемед Тома Стојаноски Андреј Маслинко Дамјан Робев Мозес Рајт Селектор: Жозеп Марија Берокал Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook