Не е лесно да се биде стјуардеса на супер луксузна јахта - Канал 5

Не е лесно да се биде стјуардеса на супер луксузна јахта

Ова лето се повеќе славни личности и џет сетери одбраа да летуваат на супер луксузни јахти . Животот на екипажот во друштво на славните , не е лесен.

Не е лесно да се биде стјуардеса на супер луксузна јахта

Стјуардесите на супер пловилата може многу да заработат , но затоа се и забавувачки , чистачки , мајстори за коктели , па дури и инструкторки за јога. Американските медиуми пишуваат за јахтите на кои крстарат милијардерите низ Средозменото Море.

Како што раскажува стјуардесата Гема Хулберт , која е во оваа професија повеќе од седум години , треба да се задоволат сите барања на гостите и да се подготви се што може да им притреба и пред тие да побараат нешто.

,, Една гостинка побара кадата да и биде полна со жешка Фиџи вода од шишиња , а во ена да се додаде масло за бебиња . Можете ли да замислите како изгледаше чистењето на замастениот мермер? “ , вели стјуардесата за чудните барања на гостите. ,, Имавме гостинка , која купила скапоцена чанта ,,Hermes” во САД , па еден член од екипажот леташе од МОнако во САД за да и ја донесе чантата од дома и гостинката да ја носи на некоја забава во Монако. “ , додава Хулберт.

Нејзината колешка Челзи Нилсен воедно е и инструкторка по јога. Нејзиното знаење и помага да ги тренира богатите гости . Вели дека е интересно однесувањето на оние кои с ебогати неколку генерации наназад и имаат пограциозен однос , за разлика од новите богаташи , кои се однесуваат кон нив поинаку.

Имаат посебен договор и не смеат да кажат кои славни личности биле нивни гости . По заминувањето на славните личности мора да ја исчистат јахтата за да изгледа како никој претходно да не престојувал таму , така што користат дури и чепкалки за уши и четки за заби за да биде се беспрекорно чисто.

Платата на стјуардесите се движи од 2 700 до 9 000 долари месечно , без додатните подароци од гостите. Обичај е секој гостин да го части екипажот по 10 проценти од неделниот наем на јахтата.

Така , ако наемот чини од 300 000 до милион долари неделно , секој од членовите на екипажот очекува по додатни 2 000 долари неделно . Освен тоа стјуардесите не плаќаат за храна , сместување и други потреби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер