НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени - Канал 5

НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Народната банка ја затегнува монетарната политика со зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на 4,25 насто.

НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Одлуката на Извршниот одбор како што истакна од таму, доаѓа во услови на сè уште присутни инфлациски притисоци, геополитичка неизвесност и засилена кредитна активност во домашната економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адвокатската комора свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура

Адвокатската комора на Република Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура.

Адвокатската комора свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура

Адвокатската комора на Република Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото.

На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, присуствуваа претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Африм Фидани, Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески, народниот правобранител Фатон Сељами, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски, раководителот на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, како и претседатели и претставници на судовите, претставници на државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, професионалните комори и органите на Адвокатската комора.

Настанот го отвори извршната директорка на Адвокатската комора, Билјана Тошева, која им посака добредојде на присутните и го покани претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, адвокат Лазо Ѓорѓиевски, да им се обрати на присутните.

Во своето обраќање, претседателот Ѓорѓиевски потсети дека токму на 16 јуни 1945 година, по предлог на тогашниот министер за правда д-р Павел Шатев, бил поставен институционалниот темел на македонската адвокатура.

„Денешното одбележување не е само свеченост. Ова е ден на почит кон една професија која веќе 81 година стои исправено во одбрана на правото, слободата и достоинството на човекот“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека адвокатурата отсекогаш била многу повеќе од професија.

„Адвокатурата е глас на граѓанинот пред институциите. Гарант на правото на одбрана. Коректив кога системот ќе потфрли. И еден од најважните столбови на владеењето на правото. Адвокатот не е само застапник пред суд. Тој е чувар на правната сигурност и еден од последните бедеми меѓу моќта и граѓанинот“, порача претседателот на Комората.

Осврнувајќи се на современите предизвици со кои се соочува правниот систем, претседателот Ѓорѓиевски истакна дека иднината бара модерна, силна и обединета адвокатура, способна да одговори на новите општествени и технолошки промени.

„Силата на една држава не се мери само преку институциите што ги има, туку и преку тоа колку е независна, достоинствена и силна нејзината адвокатура“, нагласи тој.

Во своето обраќање тој ја претстави и визијата на новото раководство на Комората, истакнувајќи дека целта е изградба на адвокатура која ќе биде независна во своите ставови, достоинствена во постапувањето, современа во функционирањето и блиска до граѓаните.

„Нашата цел е адвокатура која ќе ги штити интересите на адвокатите, но истовремено ќе биде активен партнер во градењето на правна држава заснована на владеење на правото, а не на привилегии“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека присуството на претставниците на највисоките државни институции, судската и обвинителската власт, академската заедница, дипломатскиот кор и меѓународните организации претставува силна потврда за значењето што адвокатурата го има во демократското општество и во функционирањето на правната држава.

Со одбележувањето на Денот на македонската адвокатура, Адвокатската комора уште еднаш ја потврди својата определба за зачувување на независноста на адвокатурата, унапредување на професионалните стандарди и градење современа, силна и независна адвокатура како еден од темелите на демократското општество и владеењето на правото.

АДВОКАТСКА КОМОРА НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

По потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска.

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Парламентот, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за дигитална трансформација, заедно со партнерски установи, невладини организации, организирано со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Потписниците потврдија дека ќе се заложат за градење на безбедна училишна средина, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност и психосоцијална поддршка, посилна координација помеѓу одговорност меѓу институциите и други превентивни методи.

По потпишувањето на декларацијата, се оддржа и панел-дискусија, а меѓу панелистите беше и пратеничката Драгана Бојковска. Таа истакна неколку клучни точки за превенција и сузбивање на насилството помеѓу младите.

Пратеничката Бојковска напомена дека како координаторка на Клубот за младински прашања и политики, ќе се заложи за поголема интеракција со останатите институции за поефикасна и темелна имплементација на оваа Декларација.

Исто така, од нејзина страна беше истакнато дека се работи на менталното здравје на младите, бидејќи тоа претставува фундаментален елемент за секој поединец. Освен за младите, нагласи дека и родителите треба повеќе да се вклучат во интеракцијата со своите деца, сè со цел да се надминат проблемите со кои тие се среќаваат во адолесценцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини.

Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер