НБА играч направи сензација на „Танц со ѕвездите“ (ВИДЕО) - Канал 5

НБА играч направи сензација на „Танц со ѕвездите“ (ВИДЕО)

Иман Шумперт одигра 11 сезони во НБА и ја освои шампионската титула во 2016 година со Леброн Џејмс и Кливленд Кавалирс. Денеска има 31 година и нема кошаркарски ангажман, но затоа прави сензација во „Танц со ѕвездите“.

НБА играч направи сензација на „Танц со ѕвездите“ (ВИДЕО)

Овој 196 сантиметри висок дефанзивец во американската верзија на ова шоу синоќа настапи со својата партнерка Даниела на тема „Хорор ноќ“, а нивната точка беше посветена на филмот „Ние“ во режија на Џордан Пил.

Дуото го воодушеви жирито од кое добија максимални 40 поени, а го воодушеви и поранешниот соиграч на Шумперт, Леброн, кој на Твитер сподели снимка од настапот.

Шумперт беше 17-ти пик на драфтот во 2011 година, а во кариерата по Њујорк и Кливленд кратко настапуваше за Сакраменто, Хјустон и Бруклин Нетс, за кои минатата сезона играше само два пати.

Тој ги напушти Кавс за да трејдува во Сакраменто во февруари 2018 година, за време на последната сезона на Џејмс во Кливленд, а во три и пол сезони потоа, тој собра само 77 настапи за трите тима.

Во кариерата имал просек од 7,2 поени на 461 натпревар, но бил попознат како квалитетен дефанзивец, најмногу по неговата необична фризура слична на онаа на Барт Симпсон, која ја носеше одредено време.

Тој нема кошаркарски ангажман од февруари годинава по неговата последна разделба со Нетси, па иако официјално не објавил дека се пензионира, се чини дека се најде и многу добро му оди во друга работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер