НБА го суспендира Јокиќ поради напад врз кошаркар, познато е колку тоа ќе го чини - Канал 5

НБА го суспендира Јокиќ поради напад врз кошаркар, познато е колку тоа ќе го чини

НБА лигата го суспендира Никола Јокиќ на еден натпревар без плата поради инцидентот во кој налета на играчот на Мајами Хит, Маркиф Морис и го собори на подот во рагби стил.

НБА го суспендира Јокиќ поради напад врз кошаркар, познато е колку тоа ќе го чини

Инцидентот се случи на натпреварот во Денвер во понеделникот вечерта, кој Нагетс убедливо го добија со 113:96. На неколку минути пред крајот, кога веќе беше решен победникот, Морис направи непотребно груб прекршок врз Јокиќ, го удри во ребра. Србинот ги загуби нервите и со полна сила налета на Морис додека не гледал.

Предводникот на Мајами, Џими Батлер, побарал од Јокиќ да се пресмета надвор од салата, а играчите на Хит чекале пред соблекувалната на Денвер по мечот, иако не е јасно со какви намери имајќи го предвид присуството на домашното осигурување и фактот дека таква физичка пресметка би ги оставила со огромни финансиски последици.

Освен Јокиќ, исклучен беше и Морис, поради неспортски прекршок од втора категорија. Тој поминал само со финансиска казна од 50.000 долари, додека Батлер е казнет со 30.000 долари поради обидот да го зголеми конфликтот. Пропуштениот меч на Јокиќ ќе го чини дел од неговата плата од околу 385.000 долари.

Тоа ќе биде прв пропуштен натпревар за Јокиќ по сезоната 2018/19. бидејќи во последните две не отсуствувал ниту еднаш. Последен пат бил надвор од составот на 7 април 2019 година.

По натпреварот, Јокиќ на новинарите им рече дека му е жал што така реагирал бидејќи ги разочарал соиграчите со тоа што бил исклучен, но не се покајал за ударот и истакнал дека морал да се брани.

Иако веќе немало конфликти во салата, тие биле префрлени на социјалните мрежи, и тоа меѓу близнакот на Морис, Маркус, кој игра за ЛА Клиперс, и браќата на Јокиќ, Страхиња и Немања, кои се познати како момци со кои не е паметно да се провоцира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!

По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!

„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче.

Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад.

„Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче.

За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина.

Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.

За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година.

Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче.

Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата.

„Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.

Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.

На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер