3Шокантен пресврт по нападот во Краков: Полицаецот, кој беше прогласен за херој, сега е на распит во Обвинителството
МакедонијаНБ: Во вториот квартал од годинава вкупните средства на останатите финансиски институции 275.180 милиони денариВкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2025 година, изнесуваат 275.180 милиони денари, што претставува квартален раст од 9.320 милиони денари. Притоа, останатите финансиски институции учествуваат со 21,7 отсто во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество имаат пензиските фондови од 64,4 проценти во вкупните средства на ОФИ, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 15,1 процент, информираат од Народната банка (НБ). Најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,9% и 26,1%), а на страната на обврските главно се обврски врз основа на технички резерви на осигурувањето и капиталните сметки (учество од 53,0% и 36,9%). − Во вториот квартал од годината, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) забележаа квартално зголемување од 3,5%, пред сè поради растот на средствата на пензиските фондови, при помал позитивен придонес и на останатите сектори, освен друштвата за управување со пензиски и инвестициски фондови, кои бележат пад. Годишниот раст изнесува 17,0% и во поголем дел се должи на зголемените средства на пензиските фондови, при помал раст и на останатите потсектори, којшто е поизразен кај инвестициските фондови и осигурителните друштва, посочуваат од НБ. Нагласуваат дека најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,9% и 26,1%), а на страната на обврските главно се обврски врз основа на технички резерви на осигурувањето и капиталните сметки (учество од 53,0% и 36,9%). − На страната на средствата, анализирано по инструменти, кварталниот раст во најголем дел се должи на зголемените вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, при позитивен придонес и на побарувањата врз основа на кредити, а во услови на забележан пад на валутите и депозитите. Годишниот раст главно е резултат на повисоките вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, а во помал дел и на кредитите. На страната на обврските, кварталното и годишното зголемување произлегува од повисоките обврски врз основа на технички резерви на осигурувањето и капиталните сметки, при помал позитивен придонес и на кредитите и останатите обврски, истакнуваат од НБ. Во вториот квартал на 2025 година, додаваат, вкупните средства на пензиските фондови (задолжителни и доброволни) бележат месечен и годишен раст од 4,2% и 15,4%. Анализирајќи според инструментите, нагорната промена кај двете основи во најголем дел се должи на повисоките вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, при мал раст и на останатите побарувања, а во услови на намалување на валутите и депозитите. На страната на обврските, кварталниот и годишниот раст произлегува од зголемените технички резерви на осигурувањето и капиталните сметки. − Овој квартал, вкупните средства на осигурителните друштва се зголемија за 2,1% на квартална основа, во поголем дел поради растот на должничките хартии од вредност, при помал раст и на останатите побарувања, валутите и депозитите и нефинансиските средства, во услови на пад на останатите компоненти. На годишна основа, растот изнесува 12,3% и главно произлегува од повисоките вложувања во должнички хартии од вредност, како и зголемени технички резерви на осигурувањето и сопственички хартии од вредност, а помало позитивно влијание имаат и останатите инструменти. На страната на обврските, кварталниот и годишниот раст главно е одраз на повисоките технички резерви на осигурувањето, со дополнителен придонес кон растот и на останатите обврски и капиталните сметки, прецизираат од НБ. Како што посочуваат, во вториот квартал на 2025 година, вкупните средства на инвестициските фондови остварија квартален раст од 1,0%, пред сè поради зголемените сопственички и должнички хартии од вредност, во услови на пад на валутите и депозитите. Годишниот раст изнесува 37,5% и во поголем дел се должи на вложувањата во сопственички хартии од вредност, при дополнителен придонес и на валутите и депозитите и вложувањата во должнички хартии од вредност. На страната на обврските, растот на квартално и на годишно ниво е одраз на зголемените капитални сметки. − Вкупните средства на финансиските друштва во вториот квартал на 2025 година, забележаа квартално и годишно зголемување од 3,0% и 19,2%. Најголемиот дел од средствата на овој потсектор се однесуваат на побарувањата врз основа на кредити, коишто на крајот на јуни изнесуваат 12.153 милиони денари, кои се повисоки за 4,1% на квартално ниво и 20% на годишно ниво. На страната на обврските, кварталниот раст пред сè произлегува од зголемените обврски врз основа на кредити, при раст и останатите обврски и капиталните сметки. Годишната промена во поголем дел е резултат на повисоките капитални сметки и обврските врз основа на кредити, при помал придонес и на останатите обврски, велат од НБ. Овој квартал, посочуваат, вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг се зголемија за 6,6% на квартално ниво и 20,5% на годишно ниво. Најголем дел од средствата на овој потсектор се побарувањата врз основа на кредити, коишто достигнаа 11.276 милиони денари и се повисоки за 7,3% на квартално ниво, при годишен раст од 21,5%. На страната на обврските, растот кај двете основи во најголем дел произлегува од зголемените обврски врз основа на кредити, при позитивно влијание и на останатите обврски и капиталните сметки. − Вкупните средства на друштвата за управување со пензиските и инвестициските фондови, на крајот на јуни 2025 година, се намалени за 6,2% на квартална основа. Притоа, падот пред сè се должи на намалените валути и депозити, при помал пад и на сопственичките хартии од вредност и нефинансиските средства, во услови на раст на должничките хартии од вредност. На годишна основа, растот изнесува 11,8%, во најголем дел како резултат на растот на должничките хартии од вредност, нефинансиските средства, сопственичките хартии од вредност и валутите и депозитите. На страната на обврските, кварталниот пад во најголем дел произлегува од намалените останати обврски, при раст на капиталните сметки, додека на годишна основа растот е резултат на зголемените капитални сметки и останатите обврски, се вели во соопштението од Народната банка.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt. Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците. Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап. „Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе. Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок. „Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа. Тие бараат подолга работа за иста плата Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените. Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела. Затворањето на објектот во моментов е можност Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.Тагови: мерцедес фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканПоплави во Словенија: Реки се излеаја од коритата, водата продре во куќите (ФОТО)Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки од своите корита во различни делови на Словенија, а се очекува поплавните води да почнат да се повлекуваат ноќеска.Според словенечката новинска агенција СТА, ситуацијата е најтешка во долината Випава, на југозападот од земјата, каде што се поплавени бројни локални патишта. Обилните дождови во долниот дел од долината Випава ги поплавија патиштата помеѓу Випава и Нова Горица. Поплавени куќи и згради Поплавени се и неколку згради во областа Ајдовшчина, вклучувајќи делови од пречистителна станица за отпадни води и три куќи. Некои патишта во областа се целосно затворени за сообраќај, додека други се многу тешко проодни. Реката Випава се излеа од целиот свој тек, првенствено во области кои претходно беа изложени на чести поплави. На други места во Словенија, реката Колпа се излеа од своите корита на некои места на југоистокот од земјата. Се очекува повлекување на водите Според Словенечката агенција за животна средина (ARSO), поплавните води по реките Випава и Колпа треба да почнат да се повлекуваат преку ноќ, додека се очекува врнежите од дожд да престанат вечерва. Нивото на реките продолжува да расте, особено на југот од земјата и на повеќето водотеци во централна Словенија, пред да се прогнозира дека ќе почнат да се повлекуваат во недела. Обилните дождови го зголемија и ризикот од лизгање на земјиштето, особено во западните и југоисточните делови на Словенија.Тагови: поплави словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Живот„Град на духови“ на Кавказ- порано бил рударски рај, а сега шума ги проголта зградите (ФОТО)На југоистокот на Абхазија, во градот Ткварчали, се наоѓа Акармара, некогаш просперитетна рударска населба, а денес една од највпечатливите напуштени локации во поранешниот СССР.Денес, еден вид „град на духови“ привлекува туристи и урбани истражувачи, но е создаден од сосема различни причини. Важен дел од рударската индустрија Историјата на Акармара започнува во 1938 година, кога е основана рударска населба, првенствено за експлоатација на јаглен потребен на советската индустрија. Важноста на оваа област дополнително се зголемила за време на Втората светска војна, кога залихите со јаглен станале уште поважни за СССР, и откако Донбас паднал под германска окупација. Во 1942 година, Ткварчали добил статус на град, а во неговиот состав биле вклучени околните рударски населби, вклучувајќи ја и Акармара. По завршувањето на војната, во изградбата на населбата учествувале и германски воени заробеници. Со текот на времето, биле изградени бројни згради што ѝ дале на Акармара изглед на развиен рударски град. Имало станбени згради, болници, училиште, кино, ресторан и хотел. Пред распадот на Советскиот Сојуз, населбата беше густо населена и претставуваше важен дел од локалната рударска индустрија. Војна, опсада и несигурност Во раните 1990-ти, распадот на СССР и политичките конфликти на Кавказ доведоа до големи промени. Војната во Абхазија започна на 14 август 1992 година. Градот Ткварчали беше под опсада 413 дена. Долгорочната блокада и прекинот на рударството на јаглен - што беше основа на локалната економија - имаа сериозно влијание врз животот во областа. Така, жителите на Акармара почнаа да ги напуштаат своите домови, а населбата остана без луѓе и објекти што некогаш ја правеа живо место. Повеќето од зградите беа напуштени со текот на времето, додека само неколку семејства останаа да живеат во Акармара. Со текот на годините, поранешната рударска населба почна сè повеќе да го менува својот изглед. Без редовно одржување, зградите почнаа да се распаѓаат, а вегетацијата постепено ги зафаќаше дворовите, улиците и напуштените згради. Комбинација од напуштена архитектура и природа Дрвјата и бујната вегетација сега ги опкружуваат станбените блокови и старите јавни згради, создавајќи необична сцена што ја навела Акармара да биде наречена „град на сталкери“. Оваа комбинација од напуштена архитектура и природа што полека презема контрола е една од причините зошто местото го привлече вниманието на посетителите. Сепак, Акармара не е целосно без жители. Неколку семејства сè уште живеат во областа, додека туристите доаѓаат да ги истражуваат напуштените улици и да ги видат остатоците од поранешниот рударски живот. Друга интересна карактеристика се познатите водопади во областа, кои привлекуваат посетители желни за природна убавина.Тагови: град на духови Кавказ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20