НБ: Монетарната политика го задржува внимателниот карактер, каматните стапки се непроменети - Канал 5

НБ: Монетарната политика го задржува внимателниот карактер, каматните стапки се непроменети

На 17 април 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка (НБ). 

НБ: Монетарната политика го задржува внимателниот карактер, каматните стапки се непроменети

На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, при поизразени неповолни ризици, особено од надворешното окружување. Оттука, на седницата беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95% и 4%, соодветно. Понудата на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари. Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика. Со целокупниот сет мерки, односно со сегашното ниво на каматните стапки, досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, ќе се придонесе за ценовна стабилност на среден рок и за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во април беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за по 0,25 п.п..

Остварувањата кај инфлацијата и натаму се еден од клучните сегменти коишто наметнуваат потреба од внимателност, во услови кога ризиците, поврзани пред сѐ со надворешното окружување стануваат понагласени и исклучително непредвидливи. Имено, во услови кога геополитичките услови сѐ уште се нестабилни, промените во царинските политики на светско ниво дополнително ги влошуваат изгледите за трговската и економската активност и ја зголемуваат променливоста, како на светските пазари на примарни производи, така и на пазарите на капитал. Покрај ова, беа земени предвид и ризиците поврзани со домашните фактори што влијаат на агрегатната побарувачка.

Годишната стапка на инфлација во март 2025 година значително забави и се сведе на 2,7%, што е пониско ниво од очекуваното, коешто во еден дел е под влијание на тековните краткорочни мерки за ограничување на растот на цените. Инфлацијата, во просек, за првиот квартал е малку повисока од очекувањата според октомвриската проекција. Забавувањето на годишната стапка на инфлација во март во најголем дел се должи на послабиот раст на цените на храната, поради исцрпување на ефектот од пониската споредбена основа и дополнителниот надолен ефект од тековните краткорочни мерки за ограничување на растот на цените (коишто истекуваат на крајот на април). Во однос на останатите компоненти, забавува растот и на базичната компонента на инфлацијата, а падот на цените на енергентите забрзува. Во однос на инфлациските очекувања, во мартовските анкети на Европската комисија преовладуваат очекувања на потрошувачите за поумерено намалување на цените во следниот период. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за следниот период се променети претежно во нагорна насока, што заедно со зголемената неизвесност и променливост на пазарите, упатува на зголемени ризици и потреба од внимателност.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна. Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесува 4.788,1 милион евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Остварувањата кај девизните резерви се близу до очекувањата за првиот квартал на 2025 година, а интервенциите на девизниот пазар се умерено позитивни од почетокот на годината. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со март упатуваат на поумерени нето-приливи од приватните трансфери во споредба со проекциите за првиот квартал, додека трговскиот дефицит остварен во првите два месеци од годината засега е умерено повисок од очекувањата за првиот квартал.

Економскиот раст во последниот квартал на 2024 година благо забрза и достигна 3,2%, речиси на ниво на проекциите на Народната банка (3,1%). Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2025 година упатуваат на натамошен, но поумерен раст, при засега послаби движења кај трговијата, градежништвото и туризмот, а посилни во угостителството и индустријата. Ризиците за растот во следниот период од надворешното окружување се претежно надолни, а од домашното окружување и натаму се поврзани со брзината и обемот на остварување на домашните инфраструктурни проекти.

Остварувањата во монетарниот сектор се подобри од очекувањата, што упатува на натамошна посилна кредитна поддршка на економијата. Имено, во согласност со податоците за март, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст, коишто се повисоки од очекувањата за првиот квартал од годината.

Општо земено, последните остварувања кај клучните макроекономски показатели се главно поволни, но согледувањата за ризиците во однос на нивната идна патека наметнуваат натамошно внимателно водење на монетарната политика. Имено, ризиците поврзани со надворешното окружување се поизразени, а внимателно се следат и домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и ценовната динамика во наредниот период. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и ценовната стабилност на среден рок.

Народна банка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студено утро, преку денот релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Студено утро, преку денот релативно топло

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас.

Кариера

Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат.

Здравје и совет

Почастете се со нешто што го посакувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко.

Кариера

Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување.

Здравје и совет

Согледувајте ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце.

Кариера

Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите.

Здравје и совет

Ќе бидете прифатени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно.

Кариера

Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво.

Здравје и совет

Здрави сте и весели.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа.

Кариера

Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри.

Кариера

Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете.

Здравје и совет

Не е забрането ако сакате да се опуштите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги.

Здравје и совет

Дишете длабоко.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени.

Кариера

Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка.

Здравје и совет

Трпение, спасение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка.

Кариера

На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте.

Здравје и совет

Малку пополека и обмислено.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат.

Кариера

Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби.

Здравје и совет

Би можеле да поместите планини.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа.

Кариера

Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите.

Здравје и совет

Во право сте целосно.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува.

Кариера

Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер