НБ: Економската активност и натаму со раст, поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото

Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите макроекономски проекции.

Последните макроекономски показатели се движат во согласност со очекувањата, а согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се непроменети во однос на претходната оцена, заклучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Во соопштението наведуваат дека сепак повторно се нагласени неповолните ризици од надворешното окружување, како и ризиците од домашниот контекст.

-Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите макроекономски проекции. Притоа, беше оценето дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови и дека економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Ниската и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања, од почетокот на годината, постојано придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања. Во вакви услови, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 2,25 отсто и на аукцијата на благајнички записи на 13 ноември 2019 година да се понудат благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари, односно ист износ како износот што достасува, стои во соопштението.

Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, по растот на економијата од 3,6 отсто во првата половина на годината, од Народната банка наведуваат дека високофреквентните податоци за економската активност расположливи за третиот квартал главно упатуваат на натамошен раст на економската активност, при поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите десет месеци од годината изнесува 0,9 отсто, при очекувана инфлација од еден отсто за оваа година и урамнотежени ризици.

Во однос на показателите од надворешниот сектор, според Народната банка, нивниот број е ограничен, а податоците расположливи досега упатуваат на поволна надворешна позиција. Показателите за адекватноста на девизните резерви и натаму се движат во сигурната зона.

Кај депозитите и кредитите, првичните податоци за октомври покажуваат нивен натамошен раст на годишна основа, согласно со очекуваната патека во рамки на октомвриските проекции.

-Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на домашните деловни банки се задржа на релативно стабилно и високо ниво, поради што тие и натаму имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Вишокот слободни денарски парични средства и натаму го насочуваа кон расположливите депозити кај Народната банка, што овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти и други видови инвестиции.

На девизниот пазар движењата се одликуваа со умерено пониска понуда на девизи, што произлегуваше главно од корпоративниот сектор и придонесе банките, по пауза од три месеци, во октомври повторно на нето-основа да продаваат девизи за нивните клиенти. Ваквата нето-позиција на банките во трансакциите со нивните клиенти услови понизок месечен обем на интервенции на Народната банка за откуп на вишокот девизи од пазарот.

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафа на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е последното упориште на Хамас во крајбрежната енклава.

Над еден милион Палестинци избегаа во Рафа, барајќи засолниште во градот, кој се протега на границата со Египет. САД и другите земји го повикаа Израел да не врши инвазија за да избегне хуманитарна катастрофа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна својата седма дипломатска мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, пред повеќе од шест месеци. /МИА

Најмалку 93 лица загинаа во поплавите во Кенија

Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи.

Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса.

Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но десетици се уште се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во поплавите тешко се оштетени некои училишта. Локалните медиуми објавија дека повеќе од 100 училишта се поплавени, а на многу од нив им се урнати ѕидови и покриви.

Сите училишта кои денеска требаше да бидат отворени, го одложија тоа за 6 мај.

Обилни дождови ја погодија Кенија од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во главниот град на Кенија, Најроби, каде во вчера беше поплавен и аеродромот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека се поплавени пистата, терминалот и товарниот дел на аеродромот.

Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите, а куќите беа потопени во областите подложни на поплави додека луѓето бараа засолниште во училиштата.

Кенискиот претседател Вилијам Руто побара од Националната служба за млади да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите.

Во источноафриканскиот регион се соочуваат со поплави поради обилните дождови, а во Танзанија се пријавени 155 загинати, додека повеќе од 200.000 се погодени во соседен Бурунди. /МИА

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

притисни ентер