Назор лут по поразот од Цедевита - Канал 5

Назор лут по поразот од Цедевита

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор беше лут по поразот (79:100) на неговиот тим вчеравечер на домашен терен од Цедевита, но не толку поради загубениот меч туку повеќе поради начинот на кој одиграа неговите избраници.

Назор лут по поразот од Цедевита
На хрватскиот стратег не му е јасно како може кошаркарите на тимот од Аеродром се уште да немаат сфатено дека не може да се направи ништо добро без добра и цврста одбрана.

- Не знам што да прокоментирам по средба во која мојата екипа прими 53 поени за едно полувреме и вкупно 100 на крајот, што е неверојатно. Уште од првиот ден кога дојдов во Скопје потенцирав дека одбраната е најголем проблем во оваа екипа, а ваквиот дефанзивен пристап како на денешниот натпревар, без разлика што игравме против тим од врвот на табелата, е нешто што не смее да ни се случува. Играчите во ситуација кога можевме да се вративме во средбата во две ситуации не направија „мал“ прекршок, нешто што и им го потенцирав само неколку минути претходно на тајм-аут, а веднаш потоа примаме две тројки, што е доказ за отсуство на концентрација. Ни недостасуваше борба, а кога но нема тоа паѓа во вода целата тактика. Нема да барам алиби во играчите што не можеа да помогнат и во фактот што Цедевита е екипа за фајнал-фор, бидејќи ако не сфатиме дека тие што доаѓаат да не гледаат, тие што го сакаат клубот и тие што даваат пари не заслужуваат нешто повеќе, тогаш јас како тренер не знам што повеќе да кажам. Со ваков пристап нема да стигнеме далеку, изјави Назор.

Следната шанса за поправање на впечатокот аеродромци ќе ја имаат в недела, кога ќе и гостуваат на Цибона во меч на кој се очекува враќање на повредениот Даниел Кларк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)

Актерот Раде Шербеџија ги поддржа студентите во Србија и ги повика граѓаните да гласаат. 

Раде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)

Тој го објави ова со видео од Њујорк што го објави на Фејсбук, придружувајќи им се на бројни познати личности кои јавно го поддржаа студентското движење.

Шербеџија се јави од Бродвеј во раните утрински часови и коментираше за големиот интерес за изборите кај луѓето од овие области кои живеат во САД.

„Млади, стари, со насмевка на лицето“

„Рано е утро во Њујорк, јас сум на Бродвеј. Сонцето изгрева. Синоќа имаше многу од нашиот свет тука, низ цела Америка - Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк. Млади, стари, со насмевка на лицето, самоуверени и одлучни, и токму така“, рече Шербеџија.

На крајот од видеото, тој ги повика граѓаните да излезат на гласачките места. „Ако сè уште не сте, излезете и гласајте. Студентите победуваат!“, рече тој.

Висока излезност на изборите во Србија

Да ве потсетиме дека денес во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат важен политички тест за владата на Александар Вучиќ. Политичката опција што произлезе од студентските протести што започнаа по падот на балдахинот на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица, учествува на изборите.

Според податоците за излезноста до 16 часот, 56,6 процент од гласачите излегле на гласање, значително повеќе отколку во исто време на неколку претходни избори.

Голем интерес за гласање е забележан и кај српските граѓани во странство. Стотици луѓе се собраа преку ноќ во Њујорк, долги редици се формираа во Лос Анџелес, а некои гласачи во Азија и Австралија патуваа илјадници километри за да го дадат својот глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место

Бразилскиот претседателски кандидат Флавио Болсонаро, откако гласаше во вториот круг од претседателските избори на гласачко место во Рио де Жанеиро, изјави дека „дојде време за промени“.

Избори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место

„Дојде време за вистински промени. Бразил не може да издржи уште четири години на својот сегашен пат“, рече Болсонаро, објави „Глобо“.

Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше придружуван од неговата сопруга Фернанда Антунес Болсонаро.

Болсонаро и сегашниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, левичар, се натпреваруваат во вториот круг.

Тие имаат спротивставени идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања.

Победата на Болсонаро би означила поместување кон десно за најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија.

Избирачките места се отворија во 8 часот наутро и ќе се затворат во 17 часот по бразилско време.

Во првиот круг, Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула.

Во Бразил, гласањето е целосно електронско, што значи дека гласовите се бројат побрзо отколку во другите земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер