Навивачите на Манчестер јунајтед го избраа Рашфорд за играч на годината - Канал 5

Навивачите на Манчестер јунајтед го избраа Рашфорд за играч на годината

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд од страна навивачите е избран за најдобар играч на тимот.

Навивачите на Манчестер јунајтед го избраа Рашфорд за играч на годината

Дваесет и петгодишниот Англичанец ја доби наградата „Мет Базби“. Тој е избран во анкета на навивачите на клубот на официјалната веб-страница на Манчестер јунајтед и во апликацијата на клубот. Во исто време, Рашфорд стана првиот фудбалер од школата на Јунајтед, по 1998 година, што ја добива наградата. Претходно таа му припадна на Рајан Гигс.

Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра 55 натпревари на кои постигна 30 голови и шест асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер