Навивачите на Аталанта помагаат при изградба на болницата во Бергамо (ВИДЕО)

Навивачите на Аталанта помагаат да се изгради привремената болница во Бергамо, град најпогоден од коронавирусот во Италија.

Градоначалникот на Бергамо ја извести јавноста дека тврдењето за „биолошка бомба“ на „Сан Сиро“ е точно и дека секој кој присуствувал на натпреварот на Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија е заразен со коронавирус.

Натпреварот се одигра на 19 февруари, а првиот пациент во Италија беше регистриран четири дена подоцна.

Членовите на навивачката група „Curva Nord Atalanta“ со нараквици и маски се појавија на градилиштето и решија да помогнат во изградбата на болницата.

Во Италија, над 54.000 луѓе се заразиле со коронавирус, додека 6.820 се починати.

Седница на ИО на СДСМ: Дефинирани уште пет кандидати за градоначалници

​Вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници.

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков - Неготино

5. Даниел Крстевски - Ранковце

Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.

Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина.

Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати.

СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори.

СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните.

Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети.

Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, дека само со СДСМ е можен напредокот на државата и затоа на изборите во октомври граѓаните повторно масовно ќе ја дадат довербата на концептите на СДСМ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Мицкоски имал сообраќајна несреќа во Прилеп

Претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал  полесна сообраќајна несреќа во Прилеп.

Несреќата се случила на пат кон настанот во Прилеп на за промоција на новите политики од концептот Македонија за сите луѓе.

Причинета била помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката.

Повеќе медиуми, повикувајки се на извори од партијата пишуваат дека непознато возило удрило во автомобилот во кој се превезувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Леверкузен: Пронајдени три тела на местото на експлозијата, се трага по уште две лица

Три тела се пронајдени во урнатините по експлозијата во Леверкузен, на западот од Германија, со што бројот на жртви порасна на пет.

Телата се пронајдени кога судските вештаци почнале да работат на местото на несреќата, во хемискиот комплекс во индустрискиот парк во Леверкузен.

Со тоа службено бројот на жртви се искачи на пет, затоа што две загинати лица се пронајдени неколку часа по експлозијата во втроник наутро. Две лица се уште се сметаат за исчезнати.

притисни ентер