КултураНаучно-културен собир „Македонско-хрватски допири“На Медицинскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи научно-културен собир „Македонско-хрватски допири“, посветен на македонско-хрватската соработка на планот на медицината и културата.Воедно, ќе се одбележи 100 години од раѓањето д-р Никола Георгиевски, еден од втемелувачите на Медицинскиот факултет во Скопје, во светло на одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на Медицинскиот факултет и десет години од функционирањето на невладината организација Хрватско-македонска тангента, со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од Сашо Георгиевски и Љупчо Арсовски. Книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски, претседател на Хрватско-македонската тангента и Љупчо Арсовски, амбасадор, опфаќа периодот од 10 години на активност на оваа невладинаа организација, со седиште во Хрватска, а која има меѓународно делување. Низ книгата се нуди запознавање на јавноста со праксата и теоријата на една невладина организација , со реалните дострели и граници. Делувањето на Тангентата низ упорното и континуирано хранење на македонската култура и традиција во допир со хрватската култура, создава дошполнителна вредност на македонско-хрватското пријателство збогатено со црвсти и трајни врски. Промотор на книгата е Томислав Османли, а водител на промоцијата Јасмина Миронски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаМицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски БачилаДенес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили. Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации. Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ТенисВидео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на ЈадранотНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега. Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море. Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска. Finally Novak is back to the court practice🎾 When the 23, 25 years old youngsters are all "injured" and rest🤨🙄 Our 39 years old father is still hard training in the hot and humid weather in 🇲🇪 #Djokovic #GOAT pic.twitter.com/YEJIUlylTv — NovakAnalysis (@NovakAnalysis) August 10, 2026 Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев. Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожаритеЖешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook