3Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
ЖивотНаучник на смртна постела решил да стане ,,Дарт Вејдер” (ВИДЕО)Докторот Питер Боуман Скот-Морган со англиско-американско потекло се наоѓа во терминална фаза , тешко болен од амиотрофична латерална склероза (АЛС).Дегенеративната состојба го натера Скот-Морган во смел пристап да му се спротивстави и да стане, според неговите зборови, „првиот комплетен киборг на светот“. Докторот по електронски науки на Твитер неодамна ги извести следбениците дека тој претрпел четири интервенции за подобрување на квалитетот и должината на животот. Тој тврди дека сега е Питер 2,0. Лекарите му вметнале цевка за хранење директно во неговиот стомак, катетер директно во неговиот мочен меур и торба за колостомија во дебелото црево. Тој, исто така, бил подложен на ларингектомија, постапка во која му било извршено хируршко отстранување на гркланот. Без него, тој веќе не може да зборува со природен глас, но тој веќе не ризикува плунката случајно да се акумулира во белите дробови. Сега дише со помош на респиратор. „Само што пристигнав дома по 24 дена интензивна нега. Сите медицински процедури се завршени со голем успех“, напиша тој на Твитер, шегувајќи се дека неговиот мини-вентилатор работи многу потивко од оној на Дарт Ведер. NOW REPLUMBED AS A CYBORG four tubes will keep me alive long after I become fully paralysed (apart from my eyes, which will still move). My body’s sole function will then be to sustain my brain. This first transition has not been so much based on Medical Science as Engineering. pic.twitter.com/AqkeMwnQ4I — Dr Peter B Scott-Morgan (@DrScottMorgan) November 13, 2019 На Скот-Морган му бил дијагностициран АЛС во 2017 година и од тогаш ја насочил целата своја експертиза за да ги ублажи симптомите на болеста. Тој на својата страница тврди дека ова е „експеримент во живо“ и се надева дека може да им помогне на другите кои се борат со АЛС. Во блиска иднина, го чека надградба на столот за да може полесно да се движи. Ласерската операција на очите му овозможува подобро да го прочита и контролира компјутерскиот екран со очите. Со тек на време, неговите очи ќе станат единствениот мускул што ќе може да го контролира. Just home from 24 days in Intensive Care. All medical procedures now complete and a huge success. My mini-ventilator keeping me breathing is a LOT quieter than Darth Vader’s. All speech is synthetic but at last sounds like me again. Long research road ahead but in great spirits. pic.twitter.com/JPjwjagDLT — Dr Peter B Scott-Morgan (@DrScottMorgan) November 11, 2019 Морган живее во Девон , Англија со неговиот сопруг Френсис. Документарецот во кој се опишува неговата транзиција во „киборг“ ќе биде емитуван на почетокот на следната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ФудбалВинисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитениЅвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите. „Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус. Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.Тагови: Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБолсонаро или Лула?Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила. Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто. Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула. Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто. Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври. Извор: Б92Тагови: Болсонаро Лула да Силва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ја потресе КамчаткаЗемјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“. Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри. Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26