ТехнологијаНаучниците тврдат: Под Марс можеби нема езера, туку нешто сосема друго Научниците досега претпоставуваа дека има езера со проточна вода скриени под јужната поларна ледена капа на Марс, но се чини дека тоа всушност би можело да биде површина од обични карпи.Според најновите анализи, екстремно светлиот радарски сигнал на Црвената планета кој се толкува како знак на подземна вода може да укаже и на геолошки слоеви. Се разбира, и сега експертите не се сосема сигурни за што се работи, но ова истражување укажува дека се потребни посилни докази пред да можеме со сигурност да кажеме што се крие под јужниот пол на Марс. „Покажавме дека слични рефлексии можат да настанат како природен резултат на мешање на слоеви од геолошки материјал, без потреба да се алудира на постоење на вода. Овој резултат, во комбинација со други неодамнешни истражувања, ја доведува во прашање веројатноста за пронаоѓање течна вода под слоевитите наслаги на Јужниот пол“, наведуваат научниците во студијата. Мистериозниот сигнал кој укажува на скриени резервоари за вода е откриен пред неколку години од вселенското летало „Марс експрес“ на Европската вселенска агенција. Имено, експертите потоа забележале област на невообичаено рефлектирачки материјал под јужниот пол на Марс. Последователните пребарувања откриле уште повеќе такви места, што покажува дека ова не е изолирана појава. Особено фасцинантен е фактот што слични „сјајни“ области се наоѓаат и на Земјата, длабоко под мразот на Јужниот пол. Станува збор за субглацијални езера, како што е езерото Восток, кои формираат мрежа од резервоари за течна вода под мразот на Антарктикот, пишува Science Alert. Затоа, научниците заклучиле дека на Марс може да има слични скриени езера. Но, имало еден проблем. Наводно, Марс е премногу студен за течна вода, дури и ако е под висок притисок под ледените плочи и има пониска точка на замрзнување поради присуството на сол. Значи, кои се овие области? За да ја истражат оваа енигма подетално, астрономот од Универзитетот Корнел, Ден Лалич, и неговите колеги спровеле симулации користејќи слоеви од четири материјали за кои се знае дека се наоѓаат на Марс. Радарот снимал сигнали со отскокнување на радио брановите од објект или површина. Времето кое е потребно за радио брановите да се рефлектираат назад и нивната сила ги откриваат својствата на материјалите под површината на планетата, но не и нужно какви материјали се користат. Научниците симулирале слоеви на воден мраз, мраз со јаглерод диоксид, базалт и атмосфера во различни конфигурации и дебелини, секој со својства кои рефлектираат специфични сигнали. Тие потоа утврдиле какви сигнали ќе произведат тие конфигурации и добиле сигнал исто толку светол како оној што го забележал Марс Експрес. Сепак, тој не бил создаден од скриени езера, туку од слој правлив воден мраз кој се наоѓа помеѓу два слоја мраз од јаглерод диоксид. Ова не е единственото истражување кое покажува дека мистериозниот сигнал не доаѓа од проточна вода. Минатата година, научниците откриле дека замрзнатата глина произведува исто ниво на радарски сјај, а оваа година дека може да биде предизвикан и од вулкански карпи. Така, ова најново истражување само дава поголема тежина на хипотезата дека всушност нема резервоари со течна вода под половите на Црвената планета. Што секако е штета бидејќи постоењето на течна вода би можело да влијае на можноста за живот, како и на одржливоста на идните мисии со екипаж на Марс. „Не докажавме дека таму нема проточна вода. Мислам дека само преку дупчење ќе дознаеме која хипотеза е точна, а која погрешна“, рече Лалич. Истражувањето, насловено како Explaining Bright Radar Reflections Below The South Pole of Mars Without Liquid Water е објавено во списанието Nature Astronomy.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСамо 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“. Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци. Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата. На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите. Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили. Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка. Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч. Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес. Извор: Б92Тагови: Lamborghini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски не планира да запреУкраинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со врховниот командант Михајло Драпатиј за зајакнување на одбраната на Костјантинивка и Славјанск во регионот Донецк, како и за кадровски прашања во рамките на вооружените сили.„Добив извештај од врховниот командант на вооружените сили на Украина Михајло Драпатиј. Посебен фокус беше ставен на одбраната на Костјантинивка, Славјанск и регионот Донецк како целина. Благодарен сум на сите единици кои целосно ги исполнуваат своите борбени мисии, одбивајќи ги руските напади, елиминирајќи ги обидите за инфилтрација и систематски уништувајќи ги окупаторите. Разбираме како да го зајакнеме овој сектор.“ Зеленски рече дека разговарале и за задачи поврзани со напади со беспилотни летала на долг дострел врз Русија. „Постигнати се добри резултати во рафинеријата за нафта во Јарослав. Продолжуваме со релевантните операции“, истакна тој. Драпатиј го информираше и претседателот за работата на капацитетите за антибалистички ракети, вклучително и комуникацијата со американската страна. „Работиме на сите нивоа за да обезбедиме пакети ракети за воздушна одбрана. Сите наши партнери знаат што е потребно и како тоа влијае не само на спасувањето животи и заштитата на нашите градови, туку и на ставот на Русија кон дипломатијата. Колку повеќе Путин верува во својот облог за балистички ракети, толку повоздржан ќе биде во позитивното одговарање на дипломатските предлози. Затоа, зајакнувањето на одбраната на Украина е директна инвестиција во дипломатијата.“ Меѓу другото, Зеленски и Драпатиј разговараа за кадровските прашања во рамките на вооружените сили што треба да се решат. Извор: Б92Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТурците го нарушиле грчкиот воздушен простор 17 патиТурски борбени авиони Ф-16 и беспилотни летала го нарушија грчкиот воздушен простор над Егејското Море 17 пати во четврток.Турски борбени авиони Ф-16 и беспилотни летала го нарушија грчкиот воздушен простор над Егејското Море 17 пати во четврток, а во еден случај кон нив беше испратен грчки борбен авион, кој учествуваше во симулирана воздушна борба со турски пилот, соопштија грчките власти. Виртуелната воздушна битка се одвиваше помеѓу грчките острови Лезбос и Лемнос, а три вида дронови, Аксунгур, Бајрактар и Анка, беа вклучени во нарушувањето на грчкиот воздушен простор во време кога немаше вежби во областа и немаше изговор за нивното присуство, објави Катимерини. Нарушувањата на грчкиот воздушен простор се случија само еден ден по потпишувањето на договорот француската инвестициска група Меридијам да стане мнозински акционер во проектот за енергетска интерконекција на Големото Море (GSI) помеѓу Грција и Кипар. Турски шпионски авион „АТР-72“, исто така, го наруши грчкиот воздушен простор, соопштија властите. Нарушувањата на грчкиот воздушен простор се регистрирани во последните три дена, но вчерашниот ден беше првата симулирана воздушна борба меѓу грчки и турски пилоти од 10 јули, а осма вкупно од почетокот на оваа година. Извор: Б92Тагови: воздушен простор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00