Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
ЗдравјеНаучниците тврдат дека имунитет на коронавирус имаат многу повеќе луѓе, отколку што се сметало досегаНајновата студија покажува дека луѓето кои немале антитела на коронавирус на тестот, сепак може да имаат некаков имунитет, пишува Би-Би-Си.Научниците од Институтот Каролинска во Шведска тестирале 200 лица за антитела и Т-клетки. Откриено е дека, на секое лице позитивно за антитела, имало двајца кај кои биле пронајдени специјални Т-клетки кои ги уништуваат оние заразени со коронавирусот. Таквата шема е најдена и кај лица кои имале многу благи или непостоечки симптоми. Ова би значело дека поголема група луѓе имаат одредено ниво на имунитет на коронавирус отколку што покажуваат тестовите за антитела, како што се оние објавени од Националниот центар за зарази во Велика Британија. Сепак, Маркус Бугерт, научникот што работел на студијата, рече дека овој факт не не води во насока на имунитет на стадо. Потребна е поголема анализа за да се разбере дали Т-клетките обезбедуваат т.н. „стерилизиран имунитет“ (заштита на индивидуата, но поединецот сè уште може да биде носител на вирусот). Ако антителата не успеат да го неутрализираат вирусот, тој може да влезе во нашите клетки и да ги претвори во фабрики за нови вируси. Од друга страна, Т-клетките ги напаѓаат оние клетки кои се веќе заразени и целосно ги уништуваат, спречувајќи вирусот да се шири во други, здрави клетки. Исто како антитела, Т-клетките се дел од имунолошкиот систем кој има меморија. Откако ќе препознае одреден вирус, може брзо да ги таргетира заразените клетки и да ги убие. Лекот за производство на Т-клетки интерлеукин 7 сега е во фаза на тестирање во Велика Британија за да се открие дали може да им помогне на пациентите да се опорават. Иако ова е најголема студија за Т-клетки до денес, вклучила само мала група на пациенти. Т-клетките се многу сложени и потешко се идентификуваат од антителата, за што се потребни посебни лаборатории и мали примероци што се тестираат во текот на неколку дена.Ова значи дека масовното тестирање за Т-клетките нема да започне толку наскоро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook