Научниците со генетски модификувани клетки им го продолжиле животот на глувци за 20 проценти

Научниците откриле генетска модификација која ги штити глувците од развој на рак и им овозможува да живеат до 20 отсто подолго.

Ова откритие е особено ветувачко бидејќи позитивните промени може да се пренесат на глувците по само една трансплантација на крвни матични клетки. Постапката наскоро би можела да се тестира на луѓе за лекување на рак.

Имено, експертите од Медицинскиот универзитет во Тајпеј во Тајван пронашле ген кој при модификација може да го продолжи животниот век на глувците за 20 отсто, односно овој процес на генетска модификација ги подмладува животинските клетки и го одложува падот на когнитивните способности и слабеењето на срцето, пишува New Scientist.

Истражувањето, кое сè уште не е рецензирано, вели дека придобивките од процедурата може да се пренесат на глувците со една трансплантација на матични клетки на крвта. „Беше големо изненадување. Досега не најдовме никакви негативни несакани ефекти“, изјави генетичарот од Че-Кун, Џејмс Шен.

Шен и неговите колеги генетски модифицирале глодари во лабораторија, додавајќи мутирана верзија на генот KLF1. На крајот од експериментот, глувците живееле подолго, биле невообичаено активни во средната возраст и не станале сиви толку рано. Тие потоа ја инјектирале нивната крв во група немодифицирани глувци.

Глодарите на кои им бил даден модифицираниот протеин живееле во просек пет месеци подолго, односно нивниот животен век бил продолжен за 20%. Тие исто така биле поздрави подолго време, а нивните физички и ментални перформанси почнале да опаѓаат подоцна отколку кај немодифицираните глувци.

Сите луѓе веќе го имаат во себе генот KLF1, кој го регулира производството на нови црвени крвни зрнца. Но, според научниците, глувците на кои им било вбризгано мутирано KLF1 преку единечна трансплантација на клетки на коскената срцевина имале значително помал ризик (12,5%) за развој на рак во споредба со другите глувци (75%). Отпорноста на рак на мутираните глувци KLF1 не зависела од нивната возраст, пол или генетско потекло, се вели во студијата.

Истражувањето, насловено како Hematopoietic Transfer of the Anti-Cancer and Lifespan-Extending Capabilities of A Genetically Engineered Blood System , е објавено на BioRxiv.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер