Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
ТехнологијаНаучниците се збунети од подземните езера на Марс, ги има каде што не би требалоВо 2018 година, научниците објавиле откритие кое засекогаш ја смени нашата перцепција за правливиот и црвен Марс -радарите откриле дека веднаш под неговата површина се крие светла „дамка“, што укажува на постоење на подземен резервоар со проточна водаПо спроведените последователни анализи, експертите откриле повеќе такви сјајни точки и откриле дека цела мрежа на подземни езера се крие под сувата површина на црвената планета. Иако на Марс може да се најде замрзната вода, научниците досега не нашле капка течност на планетата, па затоа можноста за постоење на подземни резервоари е главна пресвртна точка во разбирањето на геологијата на црвената планета. Има само еден проблем. Според новото истражување, кое исто така открило десетици повеќе вакви сјајни дамки, некои од нив се наоѓаат во региони кои се премногу ладни за проточна вода, дури и за соленица (саламура) која има пониска точка на замрзнување од свежата вода. "Засега, не сме сигурни дали овие сигнали покажуваат области на проточна вода или не, но сигурно овие светли точки се позастапени отколку што првично се сметаше. Или проточната вода е честа појава под јужниот пол на Марс или овие сигнали укажуваат на нешто сосема друго ", рече планетарниот научник Џефри Плаут од Институтот за лабораториски погони на НАСА. Првото вакво место било забележано на Јужниот пол на Марс од страна на Марс Експрес, користејќи го својот радар „Mars Advanced Radar for Subsurface“ и „Ionosphere Sounding“ (MARSIS). По понатамошна анализа на архивираните податоци, откриени се уште три такви карактеристики слични на езерото. „Некои видови материјали подобро ги рефлектираат радарските сигнали од другите, вклучително и проточна вода“, изјавил за Science Alert минатата година планетарниот научник Грациела Капарели од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија. „Затоа, ако сигналите што доаѓаат од под земја се посилни од оние што отскокнуваат од површината, тогаш можеме да претпоставиме дека тоа е проточна вода“, додава таа. Плаунот и планетарниот научник Адитија Хулер од Универзитетот во Аризона ја прошириле претходната потрага по светли точки. Тие мапирале 44.000 мерења од 15-годишните податоци на МАРСИС за да го опфатат целиот јужен пол на Марс. Тие пронашле десетици многу рефлектирачки области. Но, некои од нив се наоѓале на една милја под површината, каде што се на околу -63 степени Целзиусови. Претходните истражувања покажале дека водата полна со калциум и магнезиум може да остане во течна состојба долго време и на -123 Целзиусови степени. Познато е дека Марс е богат со такви соли, како и натриум. Но, студија од 2019 година покажал дека нема толкава количина сол за топење на мразот на основата на наслагите на јужниот пол на Марс. Затоа експертите заклучиле дека треба да има некаква форма на геолошко затоплување за растворање, можеби во форма на геотермална активност или вулкани. Сепак, иако има докази за вулканска активност на Марс, таа е откриена надвор од областа на полот. "Една можност за добивање на оваа количина на топлина се вулкани. Но, не видовме силни докази за неодамнешна вулканска активност на Јужниот пол. И се чини малку веројатно дека вулканската активност во една област ќе овозможи постоење на подземни води на целата планета", рече Кулер. Па, што се тогаш овие сјајни дамки? Научниците сè уште не се сигурни. Ако понатамошните истражувања покажат дека тоа е дефинитивно проточна вода, тогаш ќе биде потребно да се разбере принципот според кој овој мраз се стопил и се претворил во подземно езеро. Истражувањето е објавено во списанието Geophysical Research Letters.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter