3Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
ТехнологијаНаучниците се блиску до решение на мистеријата за површината на СонцетоНаучниците со години се обидуваат да ја решат мистеријата што се јавува на површината на сонцето, односно не им е сосема јасно зошто надворешниот дел од атмосферата на нашата sвезда е сто пати потопол од површината на Сонцето.Астрофизичарите претпоставуваат дека овој интересен феномен би можел да биде предизвикан од млазеви на соларна плазма кои излегуваат од внатрешноста и доведуваат до затоплување на надворешната атмосфера на Сонцето, но оваа хипотеза досега не е потврдена со дополнителни набљудувања, пренесува Science Alert. Во најновата студија со наслов „Generation of solar spicules and subsequent atmospheric heating “, објавена во научното списание Science, астрофизичарите забележале дека магнетните полиња на површината на Сонцето се ротираат и се усогласуваат и со тоа произведуваат такви млазеви. Тие забележале дека енергијата на магнетното поле се претвора во кинетичка и топлинска енергија, која потоа се пренесува во соларната плазма. Спикулите потоа се пробиваат низ хромосферата и одат сè до најоддалечениот слој на сончевата атмосфера - короната. „Сликите со висока резолуција на сончевиот телескоп „Goode Solar“ јасно покажуваат дека се создаваат моќни млазеви плазма при повторно поврзување на спротивните магнетни полиња во долната сончева атмосфера“, изјави астрофизичарот Венда Као од Институтот за технологија во Њу Џерси. „Ова е прв пат да видиме директен доказ за начин за формирање на шпикулите односно млазевите на соларна плазма“, додаде таа. Овие се навистина големи млазеви, широки од 200 до 500 километри, а понекогаш високи и до илјада километри, и тие можат да се движат многу брзо - околу 100 километри во секунда. Астрофизичарите ги проучувале и сликите на опсерваторијата за соларна динамика на НАСА за да измерат колку енергија се пренесува на горните слоеви на сончевата атмосфера. Овие снимки потврдија дека шпикулите биле способни да достигнат и температура од околу милион степени Целзиусови, што би била доволно енергија за екстремно загревање на короната. Се разбира, оваа студија сè уште не е цврст доказ дека шпикулите ја загреваат короната. Но, таа дефинитивно презентира докази за поддршка на оваа хипотеза и помогна да се разбере формирањето на шпикули и нивните циклуси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата во вторник на седница ќе ја донесе мерката „училишна кошничка“Во вторник на владина седница ќе се донесе одлуката за воведување на така наречената уличишна кошничка – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мерката доаѓа на предлог на министерстовто за економија, од каде брифираат дека по денешниот состанок со трговците на големо и мало кои продаваат училишни материјали, ќе биде донесена конечната одлука за што би содржела мерата. Училишни кошнички имаше и во изминативе две години, според пресметките на надлежните примената на кошничите во тој период придонела за заштеда на семејствата од најмалку 1 500 денари... „Да ќе има и во вторник на владина седница ќе донесеме одлука...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада . Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања, по потшишувањето на меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија, рече дека буџетот е во добра кондиција, но големи бафери и простор за идни интервенции нема. Прашана колку досегашните мерки поврзани со намалените акцизи кај дериватите, мерка која и во моментов е активна, но и онаа за намалено ДДВ кај горивата влијаеле врз буџетот – Кочоска вели тешко е се направи прецизна проценка. „Да видиме како ќе одат состојбите понатаму гледате дека инфлацијата се стабилизира што беше една од главните цели преку овие мерки да не направиме дополнително да влијаеме на инфлацијата. Да видиме сега министерстовто за економија со какви пресметки и предлози ќе излезе па ќе зборувмае. Но јас многу пати повторувам големи бафери и простор во буџетот нема тоа е многу оддамна е потрошено и тоа сите го знаеме. Далеку сме ние од тоа дека немаме пари и од банкрот. Ние зборуваме тука за одредени мерки кои може да се дадат во таа насока. Јас не би рекал дека буџетот е во лоша кондиција само нема за се исто како и дома што нема за се...“ - Гордана Димитриевска Кочоска – министер за финаснии. Во меѓувреме по три месеци намалување– минималната синдикална кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикати во август бележи раст, и тоа од 177 денари. На едно четири члено семејство месечно според синдикатот за основите потреби му се потребни 68 675 денари, од кои само за храна и пијалаци месечно се трошат над 25 илјади денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаМуцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во СкопјеРазговори за изнаоѓање на решение постојано се во тек, но во рамки на веќе извесните црвени линии, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на дипломатските напори за деблокада на македонските евроинтеграции.Тој истакна дека додека македонскиот устав нуди заштита на правата на сите заедници во државава, вклучително и бугарската, соседна Бугарија се уште не ги спровела пресудите од ЕСЧП кои се во корист на тамошната македонска заедница. Мицкоски рече дека е подготвен да се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев доколку претходно дипломатските напори успеат да ги приближат македонските и бугарските позиции. -Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење нити на своето ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам да разговарам,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа на Амбасадорскиот совет кој денеска се оддржа во Скопје, прв пат по 2019та година. Пред почетокот, шефот на дипломатијата Муцунски, ги предочи стратешките насоки за амбасадорите и ги определи ЕУ членките, САД, но и Индија и земјите од Арапскиот залив како приоритетни трговски партнери за државава. -Прво е заштитата на македонските национални интереси, второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија и третото е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници, независно дали се тоа македонци кои што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани кои патуваат заради различни причини,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на Амбасадорскиот совет денеска се обрати и шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка кој е во официјална посета на државава. Иако Муцунски не ја адресираше вчерашната изјава на неговиот чешки колега според кој Македонија и Бугарија немаат билатерален спор туку мултилатерално прашање на сите земји на ЕУ, како што вели Муцунски, Чешка испратила јасна поддршка за македонското членство во ЕУ и понудила помош во изнаоѓање на соодветно решение во спорот со Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојбаНема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективна.Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клиника. Дваесет и четиригодишното момче од Центар кој се води како досега најмладиот хоспитализиран со симптоми на западно нилска трескаб е во добра општа состојба и нема компликации, а 25 годишната девојка се уште е со одредени тегоби како силни главоболни и зашеметеност, но надвор од животна опасност, а за жал, нема подобрување на состојбата кај петмината повозрасни пациенти кои веќе со денови се во критична состојба и остануваат на апарати за дишење, брифираат од Клиниката. Со оглед на тоа дека се намалува возрасната граница, и се почесто и помлади бараат помош по убод од комарец, лекарите апелираат на внимателност, особено кај повозрасните кои имаат придружни хронични болести и кај децата. Во минатото имало случаи на западно нилска треска кај деца и кај нас, но тогаш инфекцијата ја добиле во странство, а сега 37 од 38 случаи се водат како автохтони, односно заразата ја добиле во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook