Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судри со комесарот на МЛС
1Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судри со комесарот на МЛС
ЗдравјеНаучниците предупредуваат: Поради климатските промени, расте бројот на крлежи и лајмска болестКлиматските промени може да предизвикаат зголемување на бројот на крлежи и да доведат до зголемување на бројот на случаи на Лајмска болест.Климатските промени може да предизвикаат зголемување на бројот на крлежи и да доведат до зголемување на бројот на случаи на Лајмска болест бидејќи благите зими и потоплите пролети го продолжуваат периодот во кој крлежите се активни, соопшти Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA). Како што е наведено, климатските промени веројатно ќе ја зголемат активноста и бројот на крлежи во Британија, што може да доведе до зголемување на случаите на Лајмска болест, пренесува Sky News. УКХСА наведува дека минатото лето речиси 40 отсто повеќе акутни случаи на Лајмска болест биле пријавени во Британија отколку во 2022 година и дека 882 акутни случаи на болеста биле пријавени во Англија во периодот од април до септември минатата година, кога крлежите се најактивни. . Се додава дека потенцијално потоплата и повлажна клима се очекува да предизвика крлежите да бидат поактивни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судри со комесарот на МЛСЕден од нјадобритер свтески фудбалери во историјата, аргентинскиот волшебник Лионел Меси ја прослави титулата во Купот на шампионите со Интер Мајами, но прославата беше одбележана и со судир со комесарот на МЛС, Дон Гарбер. Интер Мајами го совлада Круз Азул со 2–0 во финалето, а Меси беше еден од јунаците на победата. Тој го постигна првиот гол – неговиот стоти за Интер Мајами – и запиша асистенција за вториот погодок. Сепак, по доделувањето на трофејот, вниманието го привлече сосема поинаква сцена. Камерите снимија вжештена вербална расправа меѓу Меси и Гарбер. مفوض الدوري الأمريكي دون غاربر يطلب من ميسي شيئًا ما، ولكن ليو رفض ذلك وهو غاضب 😡 https://t.co/GYpudUHD9s — Messi World (@M10GOAT) September 17, 2026 Аргентинецот му се обрати на комесарот на МЛС не само еднаш, туку двапати. На снимката се гледа како Гарбер му вели нешто на Меси, по што фудбалерот го одбива неговото барање и продолжува со разговорот, видливо незадоволен. Според информациите што се појавија по натпреварот, Меси за време на расправата рекол: „Не со мене“. Исто така, по церемонијата на доделување медали и подигнувањето на трофејот, Меси повторно луто му пријде на Гарбер и повторно му рече нешто. Messi is beefing with commissioner Garber? Confronts him twice! Wonder what he said https://t.co/TsKEn8ic74 — MLS Moves (@MLSMoves) September 17, 2026 Тагови: Интер Мајами Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 годинаХоливудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн. 71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо. Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски. Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот. По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени. Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер. Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.Тагови: Кевин Костнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook