Научниците оживеале животно, што било замрзнато 24.000 години - Канал 5

Научниците оживеале животно, што било замрзнато 24.000 години

Научниците успеале да оживеат мало животно кое било замрзнато во сибирскиот вечен мраз веќе 24 000 години. Откако било загреано и нахрането, ова животно одеднаш се активирало, па дури и почнало да се размножува.

Научниците оживеале животно, што било замрзнато 24.000 години

Одамна е познато дека едноставните организми како што се бактериите можат да преживеат илјадници години во вечен мраз, но сега експертите дополнително потврдија дека ова може да важи и за посложените организми.

„Тоа е животно со нервен систем, мозок и други органи“, вели биологот Стас Малавин од научниот центар за биолошки истражувања Пушчино.

„Нашата студија е досега најсилниот доказ дека повеќеклеточните животни можат да издржат десетици илјади години во криптобиоза, состојба во која метаболичките процеси се запрени“, додаде тој.

Експертите веќе успеаја да ги оживеат формите кои беа замрзнати во мраз најмалку 30 000 години, но ова е прв пат да оживеат ваков „стар“ колник. Месојадните колници спаѓаат во групата на најмали повеќеклеточни животни (од 0,1 до максимум 3 милиметри во големина). На главата имаат венец од трепки, кои постојано треперат и на тој начин го движат телото.

Во студијата објавена во 2018 година, експертите објавиле дека ги вратиле во живот повеќеклеточните форми на panagrolaimus aff. detritofag и plectus aff. parvus, кои биле пронајдени на мразот во низините на реката Колима. Наслагите во кои се пронајдени облиците се стари меѓу 30 000 и 40 000 години.

Во 2015 година, Малавин и неговите колеги дупчеле вечен мраз во близина на реката Алазеја во Сибир, Русија. Притоа, тие пронашле еден колник, помал од една четвртина од милиметар. Кога го загреале и му дале храна, животното повторно се активирало. Не само тоа ,започнало да се репродуцира затоа што овој тип на колник може да се клонира без сексуален партнер. Имено, одредени родови на колниците имаат различни начини на репродукција. Под поволни услови, тие се размножуваат асексуално (партеногенеза), а кога условите се неповолни, тие се размножуваат сексуално.

„Ние сме прилично сигурни дека станува збор за нов вид“, рече Малавин. Тој и неговиот тим направиле редослед на геномот на ова древно животно и откриле дека тој е најсличен на типот на колникот adineta vaga.

Научниците веруваат дека денешните колници имаат слична способност да преживеат како и нивните древни предци. За време на еден експеримент, Малавин замрзнал на -15 ° C индивидуи од различни современи видови една недела, како и некои потомци на древни колници. Двете групи биле подеднакво толерантни на смрзнување, со слични стапки на преживување, пишува New Scientist.

Но, Малавин и неговите колеги сè уште не знаат точно како тоа го прават овие суштества. Имено, организмите кои толерираат замрзнување имаат многу механизми за преживување, не само еден, и не сите го користат на ист начин. Истражувањата покажуваат дека ако процесот на замрзнување е релативно бавен, колниците ќе можат да го преживеат формирањето на ледени кристали со минимално оштетување, дозволувајќи им да преживеат - иако сè уште не е познато како можат да преживеат десетици илјади години.

„Овие механизми се навистина изненадувачки и ни се слабо познати “, вели Малавин.

Студија под наслов A living bdelloid rotifer from 24,000-year-old Arctic permafrost е објавена во списанието „ Current Biology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија.

Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле.

Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња.

Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата.

Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил.

Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице.

Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер.

Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Русија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. 

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“.

Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума.

Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва.

Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри.

Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина.

Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети.

„Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој.

Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување.

„Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, ​​истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер