Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
1Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
СветНаучниците открија нешто страшно на Гренланд- може да ја загрози целата планета (ВИДЕО)Големите пукнатини на ледената покривка на Гренланд значително се прошириле и продлабочиле за само 5 години, покажа новата 3Д мапа.Тоа значи дека ова копно се отцепува побрзо отколку што претходно мислеа научниците, пишува LiveScience. Повеќето од овие пукнатини се наоѓаат околу рабовите на ледената покривка, од каде што го испуштаат стопениот мраз во океанот. Покрај тоа, пукнатините ја туркаат топената вода и топлината под глечерите на копно, а научниците веруваат дека тоа може да доведе до домино ефект кој би предизвикал катастрофално топење на тие глечери и зголемување на нивото на морето. Ледената покривка покрива околу 80 отсто од копното на Гренланд и е дебела 3 километри во најгустата точка. Водата генерирана од топењето на овој мраз веќе е главен извор на покачување на нивото на морето, кое се зголеми за 14 милиметри од 1990-тите, вели во видеото Томас Чадли, глациолог од Универзитетот Дурам и главен автор на студијата. Топењето води до побрз проток на вода по падините и долините, што дополнително ја разредува ледената покривка, објасни тој. „Како што топењето се забрзува, можеме да очекуваме формирање на нови и уште подлабоки пукнатини“, рече тој. Во една студија објавена во Nature Geoscience, тие споредија 3Д мапи на пукнатини од 2016 и 2021 година и открија дека пукнатините се зголемиле за 25 проценти. - Како што растат пукнатините, тие хранат механизам кој забрзува сè. Процесот би можел да го забрза протокот на мраз и да доведе до домино ефект кој може драматично да го стопи мразот на Гренланд, вели Јан Ховат, професор по глациологија на Државниот универзитет во Охајо. Претходните пресметки покажуваат дека доколку се стопи ледената покривка на Гренланд, нивото на морето би се зголемило за 7 метри, со што ќе се загрозат милијарди луѓе ширум планетата. „Ако продолжиме по сегашната патека, би можеле да видиме зголемување на нивото на морето за 10 или дури 20 метри само поради Гренланд и Атлантикот“, рече Чадли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаКисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети. Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената базаПатнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба. Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување. Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури. Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“. Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу. Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка. Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат. Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Македонија46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил 46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter