СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
1СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураНаучниците нурнале во потопените простории на пирамида, стара 2.300 години- биле вчудоневидени (ВИДЕО)Иако египетските пирамиди се најпознатите во светот, многу повеќе се зачувани и откриени во Судан.Овие структури можеби не се толку монументални како нивните египетски еквиваленти, но кријат големи тајни. Некои од суданските пирамиди содржат гробници кои се потопени, па нивното истражување е можно само со опрема за нуркање, имено со опасно нуркање во кралските комори. Владетели почиваат под пирамидите Во 2019 година, тим археолози кои биле во жешката пустина на северен Судан, поранешна Нубија, откриле артефакти и златни листови во потопена гробница стара 2.300 години. Фараонот Настасени, кој владеел со кралството Куш од 335 до 315 година п.н.е., бил погребан тука, објавува National Geographic. За разлика од попознатите пирамиди во Каиро, каде што владетелите биле погребани во самите структури, во пирамидите на северен Судан тие почивале под нив. „Во целосен мрак, знаете дека сте во гробница“ Археологот Џорџ Крисман објасни дека стандардните резервоари за нуркање би биле премногу гломазни, па затоа било одлучено да се користат црева долги 46 метри за пумпање кислород од површината. Тоа бил единствениот начин релативно безбедно да се испитаат потопените кралски комори. Додека инспекторот од Суданската Национална корпорација за антиквитети и музеи, Факри Хасан Абдала, ја управувал пумпата, Крисман нурнал во античкото подземје. „Три комори со прекрасни тавани, со големина на мал автобус. Одите од едната до другата, целосен мрак. Знаете дека сте во гробница, а потоа тајните почнуваат да се откриваат“, го опишал своето искуство. Пирамидите остануваат заштитени Во овој случај, тајните што ги открил дошле во форма на фрагменти од старо злато. Додека се движел низ калта и темнината, пронашол мали стаклени статуи, некогаш покриени со златни листови. Иако водата го уништила стаклото, скапоцениот метал сè уште бил таму. „Древните пирамиди одамна би биле ограбени доколку подземните води не ги правеле недостапни“, објасни археологот Кристин Роми. Сепак, се поставува прашањето - како водата се нашла под пирамидата среде пустина? Научниците ги наведуваат климатските промени, интензивното земјоделство и изградбата на модерна брана, која значително влијаела на подземните води. Непроценлива историска вредност Денес, само околу дваесет од осумдесетте пирамиди се видливи, додека останатите се проголтани од вода и песок. „Златните лисја на Куш“ можеби звучи како име на еден вид чај, но пронајдените артефакти имаат непроценлива културна и историска вредност. Древната цивилизација на Куш била позната по своите занаетчии кои изработувале сложен и луксузен накит, а нивните храмови и статуи биле украсени со златни листови, објавува Ancient Origins. Нуркачи-истражувачи објавија фасцинантни снимки од денешен Судан, докажувајќи дека историјата што речиси ја заборавивме сè уште живее под површината.Тагови: научници пирамиди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУДокументите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура. Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања. Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка. Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес. Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка. Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка. Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалМакедонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување. „Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски. Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“. „Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров. По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter