ЖивотНаучниците конечно ја открија причината за пропаѓањето на цивилизацијата на МаитеИ покрај неверојатните достигнувања во астрономијата, архитектурата и математиката, класичната ера на цивилизацијата на Маите доживеала колапс пред околу 1.000 години.Историчарите долго време се сомневаа дека причините за тоа лежат во сушата, но доказите за тие тврдења не беа доволно јасни. Меѓутоа, современата софистицирана техника, не само што ја потврди таа теорија, туку даде и прилично прецизни мерки за сушата која владеела во тоа време. Езерото Чичанканаб, на полуостровот Јукатан, се наоѓало доволно блиску до центарот на цивилизацијата на Маите за да може да даде прецизни податоци за климата во тој регион. Кон средината на 90-тите воочени се промени во односот на тешките и лесните изотопи на кислород во школките на дното на езерото, па тие покажале дека во последните години на класичниот период на Маите тие биле релативно суви. Сепак, мерењата во тој период не можеле да укажат на тоа колку тој период навистина бил сушен во однос на претходните или подоцните периоди. Дали климатските промени навистина биле толку силни што успеале да ја срушат цивилизацијата која имала најнапреден систем на пишување и била во состојба да изгради величествени градби? Студијата објавена во магазинот Сајенс дава одговор на тоа прашање и покажува дека климата во Централна Америка во тој период драстично се променила, но се уште не се знае зошто. Студентот на Универзитетот Кембриџ, Николас Еванс ги измерил изотопите на кислород и водород во молекулите на водата, заробени во наслагите гипс кои биле собрани при дупчењето на дното на езерото. Еванс и неговите колеги заклучиле дека дошло до намалување на годишните врнежи на дожд од 41 до 54 отсто во внатрешноста на тоа водно подрачје на езерото и тоа во текот на неколку подолги периоди во рок од 400 години. Влажноста на воздухот опаднала за два до седум отсто, што можеби звучи малку, но тоа имало важно влијание врз испарувањето. Тоа резултирало со драстични последици по земјоделското производство, а во текот на најекстремните години било и полошо. Малку цивилизации во тој период имале доволно залихи со храна за да преживеат таква суша, па изгледа градовите на Маите не биле исклучок. Денеска нивото на врнежи е слично на оној период кога Маите биле најмоќни. Сепак, со систем на земјоделски систем фокусиран на жедни насади, како што е памукот, веројатно не можеле да преживеат со количина на врнежи која за некои други цивилизации била доволна. Постојат докази дека сушите често погаѓале цели подрачја истовремено. Културата на Маите не изумрела на крајот на развојот на доцната Антика, но тогаш бројот на луѓе и нивната технологија биле значително помали и послаби, а тие самите се преориентирале на постојани извори на вода. Проучувањето за тоа зошто некоја цивилизација пропаднала ни дава важни насоки за опасностите кои и нас ни се закануваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter