Научниците ќе лансираат човечки мускулни клетки во вселената, истражуваат како старееме - Канал 5

Научниците ќе лансираат човечки мускулни клетки во вселената, истражуваат како старееме

Научниците ќе лансираат човечки мускулни клетки во вселената за да истражат како луѓето можат да живеат подолг и поздрав живот.

Научниците ќе лансираат човечки мускулни клетки во вселената, истражуваат како старееме

Проектот MicroAge утре ќе биде лансиран со ракетата Falcon 9 на SpaceX, со цел да стигне до Меѓународната вселенска станица (ISS).

Експертите во лабораторијата израснале човечки мускулни клетки, со големина на зрна ориз и ги ставиле во мали контејнери со големина на острилка за моливи. Кога ќе пристигнат во вселената, ќе започне процес на електрична стимулација што треба да предизвика контракција на ткивото.

Кога мускулите поминуваат одредено време без влијание на гравитација, тие слабеат, што влијае и на астронаутите, пишува Sky News.

Примероците од мускулите ќе бидат вратени на Земјата во јануари 2022 година, по што научниците од Универзитетот во Ливерпул ќе ги анализираат и споредуваат со примероците на Земјата. Тие се надеваат дека ова барем делумно ќе ја реши загатката зошто мускулите слабеат со возраста и ќе видат дали постои начин да се забави овој процес.

„Долго време знаеме дека астронаутите во вселената брзо губат мускулна маса. Некои се прашуваа дали можеби станува збор за феномен на забрзано стареење“, вели биологот Малколм Џексон од Универзитетот во Ливерпул.

„Астронаутите на ISS тренираат најмалку 2,5 часа на ден и сè уште губат значително количество мускулна маса и не можат ни да одат некое време кога ќе се вратат на Земјата“, додаде тој.

Како што стареат, луѓето ја губат мускулната маса, а со тоа и силата, што може да влијае на нивната способност за извршување на секојдневните задачи.

Британската вселенска агенција обезбедила 1,2 милиони фунти за овој експеримент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 8. јули 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 8. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 8. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ

Драган Павловиќ Латас и Иво Рангеловиќ вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите

Љубовните врски честопати од луѓето го вадат најлошото, бидејќи бараат да бидеме ранливи и да ѝ веруваме на другата личност. 

Пет клучни вештини за здрава и среќна врска според психотерапевтите

Во таквата динамика, конфликтот, стравот, несигурноста, па дури и огорченоста се речиси неизбежни. За среќа, постојат вештини што можат да ни помогнат полесно да се снајдеме во интимните односи, пишува Vice.

Еве кои пет клучни вештини е добро да се развијат за да можете да се потпрете на себеси и на партнерот во врската.

Активно слушање

Иако изразувањето на сопствените чувства и потреби е од суштинско значење за секоја врска, многумина забораваат колку е важно да се слуша другата личност. Според психотерапевтите, активното слушање му покажува на вашиот партнер дека ви значи она што го кажува и дека сте навистина присутни во тој момент.

При тоа, целта е да го разберете искуството и перспективата на вашиот партнер и да одговорите внимателно, наместо да реагирате инстинктивно.

Емоционална свест

Недостатокот на самосвест е еден од најтешките проблеми во врските, а ова особено се однесува на емоционалната свест.

Развивањето на емоционалната свест им помага на партнерите појасно да разговараат за своите потреби и да реагираат повнимателно за време на стрес и конфликт. Клучен чекор во спречувањето на импулсивни реакции е да застанете и да се обидете да разберете што ве мачи и како обично реагирате кога емоциите ве преплавуваат.

Емоционална регулација

Покрај емоционалната свест и емоционалната регулација е клучна. Ако не можете да управувате со сопствените емоции, не можете да очекувате некој друг да го стори тоа наместо вас. Без оваа вештина, може да реагирате импулсивно наместо внимателно, што може да биде штетно за вашата врска.

Кога партнерот може да се справи со сопствените емоции во време на вознемиреност, стрес или други тешкотии, тоа може да направи голема разлика. Емоционалната регулација или заедничкото смирување партнерот создава безбеден психолошки простор што овозможува ранливост.

Ранливост

Ако не можете да бидете ранливи во интимна врска, си ја одземате можноста да се поврзете подлабоко. Во силните емоционални врски партнерите си веруваат еден на друг и си се доверуваат еден на друг за своите стравови, потреби, разочарувања и надежи.

Ранливоста создава можност партнерите навистина да се запознаат и да се поддржуваат еден со друг.

Способност да се поправи односот

Никој не е совршен и ниедна врска не е идеална. Конфликтот е неизбежен, но важна е и способноста односот после конфликт да се поправи.

Паровите кои успеваат во тоа, на расправијата гледаат како на ситуација „ние против проблемот“, а не „јас против тебе“. Тие заедно работат на компромисот и на подобро меѓусебно разбирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер