1Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП
ТехнологијаНаучниците ги вртат најмоќните телескопи кон две чудни супер- планети Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ планира да истражува чудни, карпести светови надвор од нашиот Сончев систем.Имено, научниците имаат намера да ја проучуваат геологијата на планетите слични на Земјата на оддалеченост од 50 светлосни години. Карпестите планети потешко се забележуваат од гасните џинови бидејќи се помали и затоа што нивната светлина е послаба. Но, „Џејмс Веб“ има огледало кое се состои од 18 хексагонални сегменти берилиум обложени со злато и има многу поголема површина за собирање светлина. Станува збор за револуционерен инфрацрвен телескоп од 9 милијарди долари, кој НАСА го претстави како водечка опсерваторија во вселенската наука за следната деценија. Телескопот е сто пати почувствителен од вселенскиот телескоп „Хабл“ и се очекува длабоко да го промени разбирањето на универзумот. Засега немаме докази дека на некоја од овие суперземји постои живот или дека такво нешто е воопшто возможно. Тоа е блескава и покриена со лава планета 55 Cancri и LHS 3844 b, каде што нема многу атмосфера. Супер-Земјата е екстрасоларна планета која е помасивна од Земјата, но помала од гасните џинови, пишува Scientific American. 55 Cancri орбитира околу својата матична ѕвезда на кратко растојание од 2,4 милиони km. За споредба, Меркур, планетата најблиску до Сонцето, во просек е оддалечена 58 милиони километри. Тоа е пеколно жешка планета која орбитира околу својата ѕвезда на секои 18 часа. Неговата површинска температура е над точката на топење на повеќето видови карпи. Научниците, исто така, претпоставуваат дека 55 Cancri e плимно заклучена, односно дека едната страна е секогаш свртена кон блескавата ѕвезда, а податоците од вселенскиот телескоп „Спицер“ покажуваат дека нејзината најтопла зона е малку поместена, односно не во централниот простор. . Научниците веруваат дека тоа би можело да биде поради густата атмосфера која ја пренесува топлината на другите делови на планетата или затоа што навечер врне лава која ја отстранува топлината од атмосферата. Ноќната лава, исто така, укажува на циклус од ден и ноќ што може да се должи на резонанца од 3: 2 или три ротации на секои две орбити, ситуација слична на Меркур. Овие хипотези се планира да бидат тестирани од два тима научници. НАСА ќе ја анализира топлинската емисија на планетите во потрага по знаци на атмосферата, додека друг тим, предводен од астрономот Алексис Брандекер од Универзитетот во Стокхолм, ќе ја мери топлината на емисиите од осветлената страна на 55 Cancri e. Планетата LHS 3844 b е исто така доста блиску до својата ѕвезда, орбитирајќи околу неа на секои 11 часа. Но, нејзината ѕвезда е помала и постудена од онаа на 55 Cancri e. Така, површината на LHS 3844 b е исто така веројатно многу поладна. Податоците од Спицер покажуваат дека на него нема значајна атмосфера. Астрономот Лаура Крајдберг од Институтот Макс Планк и нејзините колеги се надеваат дека ќе користат спектроскопија за да фатат сигнал од површината на планетата. Тие ќе ги споредат спектрите на топлинските емисии од дневната страна со познатите карпи како базалт и гранит за да се обидат да утврдат од што се состои површината на LHS 3844 b. „Овие две студии ќе ни дадат фантастични сознанија за планетите слични на Земјата и може да ни помогнат да откриеме како изгледала древната Земја кога била топла како овие планети“, рече Крајдберг. „Џејмс Веб“ сега е во фаза на пуштање во работа на системот за следење на објекти. Опсерваторијата треба да почне да работи во текот на јуни, а потоа да го започне својот прв циклус на набљудување во вселената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаМитева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕППСилната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа. Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата. За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство. Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЗдравјеНаучниците предупредуваат на опаѓање на стапките на вакцинација кај децата во ЕвропаСтапките на вакцинација кај децата во Европа стагнираат или опаѓаат во последните години, според нова студија што ги анализира податоците за вакцинацијата против седум болести во земјите на Европската Унија во периодот од 1980 до 2024 година.Од 2019 година, 16 земји забележале пад на опфатот со вакцинација за четири или повеќе од анализираните вакцини. Вакцинацијата се смета за една од најефикасните мерки во јавното здравство. Сепак, научниците предупредуваат дека колебањето во врска со вакцините и сомнежите во рамките на Европската Унија придонеле за намалување на опфатот и за повторна појава на болести што можат да се спречат со вакцинација. Стапките на вакцинација опаднале за сите седум анализирани вакцини во Бугарија, Кипар, Ирска, Холандија, Романија и Шведска. Германија и Шпанија забележале пад кај пет од седумте вакцини. Во Франција и Италија, стапките на вакцинација се зголемиле за четири вакцини, а опаднале за три. Најниска стапка на вакцинација во Романија Највисоки стапки на вакцинација се забележани во Луксембург и Португалија, каде што опфатот за сите седум анализирани вакцини достигнал најмалку 95 проценти. Најниска стапка е забележана во Романија, каде што таа паднала под 80 проценти. Научниците истакнуваат дека падот на стапките на вакцинација започнал во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, што се совпаѓа со пандемијата на КОВИД-19 и периодот непосредно по неа. Како една од можните причини тие ги наведуваат прекините во рутинските програми за вакцинација на децата за време на пандемијата. Тие предупредуваат дека намалувањето на опфатот со вакцинација го зголемува ризикот од слабеење и на колективната и на индивидуалната заштита од заразни болести. „Потребни се меѓународни, национални и локални мерки за да се променат овие трендови“, заклучија научниците. Извор: Индекс.хрТагови: вакцинација деца Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапиПрес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари. Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава. Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот. Сè беше јавно и транспарентно објавено. Јавноста беше информирана колку чини прославата и за што се трошат парите. Така е домаќински и правилно. Сега со Мицкоски и ВМРО 5,5 милиони евра се потрошени. Дваесет и три пати повеќе пари! Пари од Државната лотарија, од нераспределената добивка која требало како дивиденда да заврши во државниот буџет. Затоа, лагата дека ова не се буџетски или народни пари не поминува. Тоа се пари на граѓаните. И мора да има одговори каде се потрошени и да има одговорност. Мицкоски прво излажа дека прославата ќе чини „нула денари“. Потоа се обиде да ја сокрие сметката, докуметните, анексите, договорите, фактурите. Наместо отчетност и транспарентност, криење, молк за провизиите и за тоа во чии џебови завршија 5,53 милиони евра. Ете ја разликата. Мицкоски организираше една вечер за 5,53 милиони евра – скриено, нетранспарентно и преку сомнителна шема со Државната лотарија. Тоа е разликата кога државата организира домаќински и кога организира банда. Овде мора да постапи Јавното обвинителство. Обвинителот Ненад Савески треба веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација и да ја следи трагата на парите. Не мора само Мицкоски да го повикува на телефон за да постапува, не мора да чека да седне до него. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29