Научниците анализирале астероид и утврдиле од каде потекнува водата на нашата планета - Канал 5

Научниците анализирале астероид и утврдиле од каде потекнува водата на нашата планета

Водата можеби дошла на Земјата преку астероид од надворешниот раб на Сончевиот систем, велат научниците по анализата на ретките примероци собрани за време на шестгодишната јапонска вселенска мисија.

Научниците анализирале астероид и утврдиле од каде потекнува водата на нашата планета

Во потрага по одговори на прашањата за потеклото на животот и создавањето на универзумот, научниците го обработуваат материјалот донесен на Земјата во 2020 година од астероидот Рјугу.

5,4 грама карпи и прашина собрала јапонската вселенска сонда Хајабуса-2, која слета на вселенското тело и лансираше „импактор“ на неговата површина.

Почнува да се објавува истражување спроведено на тој материјал, а во јуни група научници изјавија дека пронашле органски материјал, што укажува дека некои аминокиселини, самите почетоци на животот, можеби потекнуваат од вселената.

Во новото истражување, објавено во списанието Nature Astronomy, научниците велат дека примероците од Рјугу можат да објаснат како океаните се формирале на Земјата пред милијарди години.

„Астероидите од типот Ц, кои се полни со испарлив и органски материјал, може да бидат еден од главните извори на вода на Земјата“, според истражувањето на научниците од Јапонија и други земји објавено вчера.

„Пристигнувањето на испарливи материи (органски и вода) на Земјата се уште е предмет на дебата“, се тврди во истражувањето.

Но, органскиот материјал пронајден „во честичките од Рјугу, идентификувани во ова истражување, веројатно претставува важен извор на информации“.

Научниците претпоставуваат дека овој материјал најверојатно потекнува „однадвор од Сончевиот систем“, но дека „не е веројатно дека тој бил единствениот извор на испарливи материи што дошле на Земјата на нејзиниот почеток“.

Хајабуса-2 беше лансиран во 2014 година во мисија на Рјугу, оддалечена околу 300 милиони километри, а се врати во орбитата на Земјата пред 2 години за да испушти примерок од капсулата.

Во една студија во списанието Nature Astronomy, научниците повторно ги поздравија откритијата овозможени од мисијата.

„Рјугу честичките се несомнено еден од најчистите материјали од Сончевиот систем што ги имаме за лабораториските истражувања, а испитувањето на овие вредни примероци сигурно ќе го прошири нашето разбирање за процесот на развој на Сончевиот систем“, се вели во истражувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. 

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Касно е за перење.

Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.

Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.

Граѓаните паметат и знаат.

Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.

Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.

Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.

Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .

Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.

Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ.

Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.

Но ние знаеме зошто е паниката.

Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.

Скопје, 27.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом.

Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“.

Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк.

Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост.

Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“.

Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп.

Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И

сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп.

Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер