СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
1СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
ЗдравјеНаучници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење „Руски научници развија сензор базиран на графен и полимери, отпечатен на обична канцелариска хартија, кој е способен да детектира дијабетес и други заболувања во реално време преку анализа на издишаниот воздух. Уредот прецизно ги детектира молекулите што претставуваат маркери на болести“, соопшти прес-службата на Институтот за физика на полупроводници (ИФП) „Ржанов“ при сибирското одделение на Руската академија на науките. - Постигнавме висока чувствителност на мерењата благодарение на развојот на нов наноструктуриран сензорски материјал. Покрај тоа, создадовме сензори со различен дизајн што овозможуваат контролирани промени во спектарот на молекулни маркери регистрирани на површината. Тоа значи дека секој сензор ги регистрира само значајните сигнали што можат да укажат на болести. Ова потенцијално би можело да им овозможи на пациентите со сомневање за хронични заболувања да го следат своето здравје дури и во домашни услови, изјави главната истражувачка на Институтот за физички проблеми на сибирското одделение на РАН, а воедно и главна авторка на проектот, Ирина Антонова, информираа руските медиуми Како што се наведува, уредот е способен да детектира исклучително мали трагови количини на ацетон, амонијак и други супстанции. Зголемените концентрации на овие супстанции во издишаниот воздух се сметаат за маркери, односно показатели, за дијабетес, срцева слабост или проблеми со бубрезите. Сензорот претставува тенка фолија која лесно може да се прицврсти на стандардна медицинска маска, што го прави погоден за употреба во болнички услови, вклучително и за континуирано следење на дишењето на пациентите за време на хируршки интервенции. Уредот функционира врз основа на промени во електричната струја. Кога издишаниот воздух доаѓа во контакт со сензорот, гасовите се задржуваат на неговата површина, при што се менува неговата способност за спроведување електрична енергија. Добиените резултати веднаш се прикажуваат на екран во форма на графикон. Благодарение на високата чувствителност, уредот овозможува следење дури и на едноставно зголемување на нивото на гликоза по оброк. Научниците веќе го тестирале новиот сензор на 32 доброволци, меѓу кои имало здрави лица, пациенти со дијабетес и лице кое претходно претрпело срцев удар. Уредот успешно детектирал присуството на ацетон во издишаниот воздух кај пациентите. Од Институтот посочуваат дека повеќето постоечки соодветни медицински уреди мерат само физички параметри, како што се пулсот или крвниот притисок, додека уредите за хемиска анализа на здивот најчесто се премногу сложени и достапни исклучиво во клинички услови. За разлика од нив, новиот хартиен сензор е едноставен за употреба и економичен, што отвора можност за негова поширока примена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски. Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари. На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус. ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски. Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон. На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаВо Брисел се одржува самит за проширување на Европската унија 2026 Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ.Македонија ќе ги продолжи обидите за дијалог со Бугарија во добра волја, меѓутоа ирационални проблеми поврзани со идентитетот не можат да бидат надминати – нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот за проширување на ЕУ организиран од бриселскиот медиум Евроњуз. Претседателката оцени дека блокадата на земјава не е поврзана со како што рече, реалноста, туку со недостаток на политичка волја кај соседот, но и кај ЕУ. -Сите од политичарите кои доаѓаат кај нас, велат дека е потребна политичка волја, но што е со политичката волја од ЕУ? Можеме да ги надминеме рационалните проблеми, но ирационалните проблеми? Kако можам да зборувам за мојот идентитет, за мојот јазик? Извинете, не можам... // Ако форматот на дијалогот е слушај и прави, јас сум член, а ти не си, јас имам право на вето, а ти немаш, тогаш има проблем,- -Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Македонија . Силна поддшка за македонските евроинтеграции изрази хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во своето обраќање на Самитот. Прашан дали Хрватска би можела да стави вето на членството на Црна Гора поради отворените билатерални прашања, Пленковиќ одговори дека двете соседни земји се пријатели, за разлика од други земји во регионот. -Ние сме пријатели, не се однесуваме како другите земји-членки кои им попречија на некои други земји од Југоисточна Европа дури и да започнат преговори. Имаме примери во истата група земји кои дури и не ги започнале преговорите. // Да сакавме да бидеме пречка за приклучувањето на Црна Гора, тогаш нашата политика ќе беше многу поинаква. Всушност, бевме многу пријателски настроени и конструктивни,- -Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Овој месец во Брисел ќе се одвива во духот на проширувањето – утре ќе бидат објавени редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите кандидатки, а четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија ќе добијат и конкретни патокази. На 15 ноември е закажан и официјалниот ЕУ Самит за проширување каде ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, додека на 25ти, исто така во Брисел, ќе се одвива Самитот ЕУ – Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудење за Ѓоко Велков - изведување на материјалните докази и вештачењето од претходното рочиштеДНК и финансиското вештачење на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и денеска не стигнаа во судница. Неговата одбрана тврди дека финансиското вештачење кое наскоро треба да се подготви, ќе покаже дека неговите родители е сосема можно да заработиле 975 илјади евра а со тоа да ги поседуваат и 350те илјади евра кои при претресот биле пронајдени заѕидани во семејниот дом во Неготино. Адвокатот Звонко Давидовиќ презентираше правно мислење на универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со кое ја оспорува правната квалификација на обвинението, според кое, Ѓоко Ристов не може да биде опфатен со законското битие на кривичното дело кое му се става на товар. -Правното мислење е по однос на правната квалификација онака како и што почна предметот, па некако се подазборави во текот на постапката каде што одбраната тврди и се уште тврди, дека судија не може да биде обвинет опфатен со законско битие на ова кривично дело, бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, јавно претпртијатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат Обвинителката Искра Хаџи Василева пак смета дека правното мислење нема доказна тежина и дека судот треба да одлучува врз основа на фактите и доказите изведени во постапката. Таа посочи дека со овие мислења се критикува постојната одредба од Кривичниот законик, која, како што рече, била усвоена во рамки на усогласувањето на македонското законодавство со меѓународните конвенции за борба против корупцијата. -Модерно, ќе си дозволам, стана да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се воопшто користат овој тип на докази кои во суштина и не се докази. И не можат да бидат докази. – Искра Хџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК На изјавата на обвинителката Хаџи Василева реагираше професорот Калајџиев кој во објава на социјалните мрежи напиша: -Тешки зборови употребила обвинителката за некој што иʼ бил учител и творец на законот по кој што работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене. Следно рочиште за случајот е закажано за 20 ноември. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00