Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
1Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
2Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
3Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ТехнологијаНаучници: Можеби постои едноставна причина зошто не сме нашле живот на МарсРоверите кои бараат траги од древен (или сегашен) живот на Марс можеби поминуваат низ микроскопски форми на живот без да ги забележат бидејќи нивните инструменти навистина не се во висина на задачата.Имено, новото истражување спроведено во најстарата пустина на Земјата покажа дека нашата сегашна технологија не може секогаш да открие траги од живот дури и на површината на нашата планета, а камоли на Марс. Научниците кои работеа на студијата тврдат дека животот ќе продолжи да ни бега на Црвената планета доколку не ја подобриме нашата опрема за идентификација на одамна мртви микробни организми. Особено ако животот што го бараме постоел пред неколку милијарди години, кога планетата била потопла и повлажна отколку што е денес. Пустината Атакама во Чиле има древна делта на „Црвениот камен“, која сега содржи песок и карпи богати со хематит и кал. Оваа област е геолошки доста слична на делови од Марс, поради што астробиолозите често ја користат како модел за Марс. Кога научниците ја тестираа минералогијата на Црвениот камен со најдобрите инструменти достапни денес, тие откриле некои мистериозни индиции. Имено, речиси 9 отсто од генетските секвенци спаѓаат во категоријата некласифицирани, додека 40 отсто од останатите секвенци не може да се припишат на ништо конкретно. Експертите од Универзитетот во Чиле велат дека нивните наоди укажуваат на „невообичаено висок степен на филогенетска несигурност“, што тие го нарекоа темен микробиом (како темната материја). Овој термин всушност се однесува на микроорганизми, кои научниците можат да ги откријат преку генетско секвенционирање, а за кои не се знае точно што се. „Така, темниот микробиом на Црвениот камен може да претставува нови, досега неоткриени видови кои не се наоѓаат никаде на друго место на Земјата. Но, можеби станува збор за реликтна заедница на микробни видови кои ја населувале оваа делта во далечното минато, чиј денешен роднини не најдовме во постоечките бази на податоци. “, наведуваат научниците во истражувањето. Експертите ги анализирале и примероците од Црвениот камен со помош на инструменти кои се користат во мисиите на Марс и откриле дека тие се доста ограничени во тој аспект, што значи дека во повеќето случаи не детектирале речиси ништо, пишува Science Alert. Минатата година, роверот Perseverance на Марс откри „јасни индикации“ за органска материја додека се движеше низ древна речна делта. Во претходните години, роверот Curiosity снимал траги од органски молекули во песок и исушена кал. Ова се ветувачки откритија, но органската материја не е сигурен знак за живот. Сè уште не е познато дали овие молекули имаат биолошко потекло. „Нашите анализи на инструментите на платформата за тестирање кои се испратени или планирани да бидат лансирани на Марс покажуваат дека иако минералогијата на Red Rock се совпаѓа со откриените од нашите инструменти на Црвената планета, ќе биде тешко, ако не и невозможно, да се открие слично ниски нивоа на организми во карпите на Марс, во зависност од користениот инструмент и техника“, заклучуваат научниците. „Затоа, важно е примероците да се вратат на Земјата за да може со 100% сигурност да се утврди дали некогаш имало живот на таа далечна планета“, додаваат тие. НАСА со години планира да извлече примероци од Марс за поблиску да ги проучува. Но, тоа е полесно да се каже отколку да се направи бидејќи тоа е мисија која би отишла на таа планета и би се вратила назад, што досега не е направено. Истражувањето, насловено како Dark microbiome and extremely low organics in Atacama fossil delta unveil Mars life detection limits е објавено во списанието Nature Communications.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркачПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија. Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето. ,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање. Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“ Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата. Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часотСо огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38