Реален повод за големо славје или предимензиониран спектакл , тежината на поканата за НАТО ги подели партиите. Покрај оваа дилема на удар на критика се најдоа и пејачите, кои утре ќе настапуваат во 15 градови низ државата. Дел од нив на интернет портали социјалните мрежи веќе се изјаснија дека се против договорот со Грција, а дел дека не знаеле на каков настан ќе настапуваат.
Бината во Градскиот Парк во Скопје полека се подготвува за утрешниот концерт. Граѓаните со поделени мислења дали воопшто треба да се подговтвува една ваква прослава.
Тршоците за прославата ќе паднат на сметка на државниот буџет, а вклучуваат ставки за бина, озвучување, осветлување, надомест за музичарите и промоција. Колкава ќе биде сумата ќе се знае веднаш отакако ќе се соберат целосните информации од сите субјетки информираше премиерот Заев.
“ Одлучувме музиката да ја однесеме кај граѓаните а не со автобуси да ги носиме граѓаните да прославуваат. Слобода е, секој има право да има свој став и никој не смее да шиканира граѓани заради свој став. Впрочем целата програма е колку две театарски претстави кои државата ги финансира.”
Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Димче Арсовски вели дека бурната реакција е доказ дека граѓаните се чувствуваат навредени.
Премиерот апелираше до опозицијата да им честита на граѓаните и да престане да врши притисок врз музичарите кои на најтранспрентен и чесен начин учествуваат во прославата, кои според него својот став ќе го изразат на референдум, а на прославата се професионално ангажирани.