НАТО е против предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти - Канал 5

НАТО е против предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти

Но ќе има зголемување од сегашните два процента.

НАТО е против предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти

НАТО нема да го поддржи предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет отсто од БДП, но најверојатно ќе се согласи на повисоки распределби од сегашната маргина од два отсто од БДП.

Трамп во вторникот рече дека земјите-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор треба да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана, што е многу повисоко од сегашната цел од два отсто и износ што досега не бил обезбеден од ниту една земја членка, вклучително и САД.

Изјавата на Трамп, дадена на прес-конференција каде што тој предизвика бура со личните забелешки за Гренланд, Канада и Панама, потсети на неговиот фокус на трошоците за одбрана на НАТО за време на неговиот прв мандат и неговите закани дека нема веќе да ги заштити сојузниците кои нема да ја исполнат зададената цел.

Официјални претставници на земјите-членки на НАТО рекоа дека се согласуваат дека трошоците за одбрана треба да се зголемат, но не ја поддржуваат целта од пет проценти од БДП, што според аналитичарите би било политички и економски неостварливо за повеќето членки и би значело стотици милијарди американски долари во дополнителни трошоци.

Но, новата цел најверојатно ќе биде договорена на самитот на НАТО во Хаг во јуни, поради стравувањата дека Русија би можела да нападне членка на НАТО по Украина и притисокот на Трамп, изјавија официјални лица.

Клучните отворени прашања се колку голема ќе биде таа нова цел и дали ќе биде доволна за Трамп.

Некои очекуваат 32-те земји-членки на НАТО да се договорат за цел од околу три проценти од БДП. За многумина дури и тоа би било премногу затоа што се уште или едвај ја исполниле целта од два проценти, десет години по нејзиното поставување.

-Се чини дека ќе има промена, изјави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето за Ројтерс.

„Мислам дека нема да бидат пет проценти, што сега би било невозможно за речиси секоја нација во светот, но... нема да бидат ни два проценти, што и сега тешко ги исполнуваме, но ќе да биде повеќе од два“. рече министерот Крозето.

Италија троши околу 1,5 отсто од БДП за одбрана и е меѓу осумте земји-членки на НАТО кои не ја исполнуваат целта од два отсто.

Полска, која граничи со Украина, троши најмногу за одбрана од сите членки на НАТО. Минатата година за одбрана потрошила 4,12 отсто од БДП, според проценките на НАТО. Следат Естонија со 3,43 отсто и САД со 3,38 отсто.

Според проценките на НАТО, земјите-членки издвоиле 1,474 билиони американски долари за одбрана во 2024 година - САД околу 968 милијарди, а европските земји и Канада 507 милијарди долари. Вкупниот просек е околу 2,71 отсто од БДП на НАТО.

Некои официјални лица и аналитичари веруваат дека предлогот на Трамп од пет проценти е намерно висок за почеток на преговорите и очекуваат дека тој може да се согласи на нешто поблиску до три проценти.

За време на кампањата минатата година, Трамп предложи цел од три проценти, додавајќи дека тоа ќе значи зголемување на буџетот за одбрана од околу 30 проценти за повеќето земји-членки./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер