Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветНАТО договори мерки за спротивставување на непријателските и кибер активности на Русија Земјите членки на НАТО договорија збир на проактивни мерки за спротивставување на непријателските и кибер активностите на Русија. Земјите членки на НАТО договорија збир на проактивни мерки за спротивставување на непријателските и кибер активностите на Русија, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Пактот во Брисел. - Овие мерки вклучуваат засилена размена на разузнавачки информации, повеќе вежби, подобра заштита на критичната инфраструктура, подобрена кибер одбрана и построги акции против руската флота замаскирана во бродови кои извезуваат нафта, рече Руте. Тој потенцира дека сме сведоци на се поагресивно држење на Русија и на ескалација на нејзината кампања на непријателски акции во земјите на НАТО. - Видовме нагло зголемување на овие напади и мораме да ги повикаме сторителите на одговорност. И Русија и Кина се обидоа да ги дестабилизираат нашите земји и да ги поделат нашите општества со акти на саботажа, кибер напади и енергетска уцена, истакна Руте. Според него, се поголемата усогласеност меѓу Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ја нагласува глобалната природа на заканите со кои се соочува НАТО, напоредно со „ескалацијата на опасностите од тековната војна во Украина“. - Така, илегалната војна на Русија во Украина претставува закана за сите нас. Затоа ќе продолжиме да стоиме заедно, Европа и Северна Америка, заедно со нашите меѓународни партнери, за да ги зачуваме безбедни нашите една милијарда луѓе, истакна Руте. Првиот човек на НАТО потенцира дека Иран има дестабилизирачка улога во неговото непосредно соседство, поддржувајќи ги милитантните групи во регионот на Блискиот Исток, а дополнително и ја поддржува илегалната војна на Русија во Европа, обезбедувајќи им смртоносни дронови Шахед на руските сили. Дополнително, според Руте, во замена за војници и оружје, Русија и дава поддршка на Северна Кореја за нејзините ракетни и нуклеарни програми, со што би можело да се дестабилизира Корејскиот Полуостров, па дури и да бидат загрозени САД. Тој потенцира дека покрај за злонамерните активности на Русија на територијата на НАТО и за ситуацијата на Блискиот Исток, на министерскиот состанок се разговарало и за можностите за поголема поддршка на Украина во текот на претстојната зима. - Украина се соочува со немилосрдно бомбардирање насочено кон цивилни реони и критичната инфраструктура, а Русија напредува на линијата на фронтот, иако по висока цена. Ова може да биде најтешката зима за Украина од 2022 година, рече Руте. Според него, министрите разговарале за тоа што може сојузниците да направат повеќе за да обезбедат муниција и противвоздушна одбрана за Украина, во услови кога Русија ги засилува своите напади и ја проширува војната со помош на севернокорејските трупи и оружје. Тој потенцира дела членките на Алијансата работат на исполнување на ветувањето за воена поддршка на Киев во 2024 година во износ од 40 милијарди евра, како и дека до крајот на оваа година треба целосно да стане оперативна новата команда на НАТО во Визбаден за безбедносна помош и обука на Украина, да биде. - Но, ние мора да направиме повеќе од тоа само да ја одржуваме Украина во борбата. Мораме да обезбедиме доволно поддршка за еднаш засекогаш да ја смениме траекторијата на овој конфликт, рече Руте. Запрашан што подразбира под „менување на траекторијата на конфликтот“, Руте одговори дека тоа значи да и се пружи на Украина доволно поддршка да може да го запре руското напредување на терен и да ја зајакне својата позиција, со што еден ден украинската Влада ќе може да започне разговори со Русија за тоа како да се стави крај на конфликтот. - Така што менувањето на траекторијата значи да се спречи линијата на фронт да се движи кон запад и да се погрижиме Украина да биде во посилна позиција за во текот на преговорите да може да го добие она што го сака, рече Руте. Во одговор на прашање дали по овој министерски состанок Украина е поблиску до членство во НАТО, Руте рече дека иднината на земјата треба да биде во Алијансата и дека сето она што сега се прави со поддршката на земјата претставува градење на мостови за поврзување на двете страни, но дека во моментов главен приоритет е зајакнување на украинските сили за можат „да ја променат траекторијата“. Руте потсети и дека вчера на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО учествуваше и новата висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, затоа што, како што рече Унијата е суштински партнер на Алијансата. - Ние соработуваме за низа прашања - од нашата поддршка за Украина, до воената мобилност и засилување на одбранбеното производство, додаде Руте. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинаваСе помалку се купуваат, а се повеќе се изнајмуваат станови. Пазарот на недвижности во земјава во третиот квартал бележи пад на купопродажбите, а значителен раст на изнајмувањето. Продажбата на станови е намалена за 14 % додека бројот на станови дадени под закуп е зголемен за 45%. Пад од 6 проценти бележи и вкупната финансиска вредност на продадените станови, додека месечниот износ на закупнините за станови е повисок за 31%. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од јули до септември годинава. Но, дали ова значи дека граѓаните се почесто се откажуваат од купување стан и се одлучуваат да живеат под кирија? Од Градежната комора велат дека растот на изнајмувањето е резултат на сезонски фактори, МЕГУ НИВ почетокот на академската година, но и привремените работни ангажмани и туристичките престои.. --Значи тука има момент на изразено издавање на закуп за време на студии, за време на среднообразованија коишто доаѓаат од другите градови од државата, така да може да бидат повеќе симптоми, а делот дека од за постојано живеење, мислам дека тој тренд уште не е достигнат, да ние имаме земање на стан под закуп за долгорочен престој,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. Дополнително, извештајот покажува дека во третиот квартал највисока постигната цена за продажба на стан во новоградба изнесувала над 199.000 евра или околу 3.160 евра за м2. Станува збор за стан во О.Центар од 63м2. Јакимовски смета дека недостигаат станови по пристапни цени. Посочува дека квадрат од околу 3.000 евра не може да си го дозволи секој граѓанин и дека е потребна поголема понуда на станови со цени до 2.000 евра за квадратен метар.. -Затоа е потребно да имаме поголема понуда на недвижност со помала вредност која би се движела околу 2.000 евра, 1.900, којашто ќе биде околу централно градско подрачје и периферно на општините коишто се – Аеродром, Кисела Вода, Карпош, за да имаме стабилен пазар на недвижности,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. И покрај намалениот број купопродажби, становите остануваат најзастапена категорија на пазарот на недвижности. Во третиот квартал учествуваат со 34 проценти од сите купопродажби. На второ место е земјоделското земјиште и шумите со 29 проценти, а потоа куќите со 15 и градежното земјиште со 13 проценти. Над 7.600 трансакции биле регистрирани во овој период, со вкупна финансиска вредност од 339 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter