Шоу бизНатали Портман не се препознава, фановите мислат дека направила зафати на лицето (ВИДЕО)Иако е позната како една од жените со најсовршено лице врз основа на анализата што ја направиле експертите според теоријата на златниот пресек, омилената холивудска актерка ги изненади сите со својот изглед при најновото појавување во јавноста.Оскаровката Натали Портман гостуваше во „The Late Late Show“ со Џејмс Корден, каде што зборуваше за нејзиниот нов документарен филм од три дела на HBO наречен „Angel City“ за започнувањето на женската фудбалска лига во Лос Анџелес, но нешто друго го привлече вниманието на гледачите. Се чини дека 41-годишната актерка по примерот на другите колешки посегнала по филери и ги наполнила јаготките со хијалуронска киселина и го коригирала носот. „Имаше толку уникатна убавина, не можам да верувам дека се претвора во иста како и сите други“, „Толку убаво, софистицирано лице за да си го направи ова“, „Што правела таа со лицето?“, Таа има тотално ново лице“, „Изгледа како Деми Мур“, „Не би знаел кој е да не напишеше“, се коментарите кои се раширија на социјалните мрежи по шоуто. Инаку, Натали поради својата природна убавина се најде на листите за најубави жени на светот, а многумина ѝ се восхитуваа бидејќи, барем до неодамна, не правеше естетски зафати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter