Наставник си го тетовирал целото тело,па се жали дека му се закануваат со отказ(ВИДЕО) - Канал 5

Наставник си го тетовирал целото тело,па се жали дека му се закануваат со отказ(ВИДЕО)

Тетовиран наставник од Франција ризикува да ја изгуби работата затоа што некои родители не ги одобруваат неговите тетоважи по целото тело, а целото лице му е истетовирано.

Наставник си го тетовирал целото тело,па се жали дека му се закануваат со отказ(ВИДЕО)

Силвен Хелејн, 35-годишен наставник во основно училиште од Есон, Франција, неодамна се пожали на францускиот телевизиски канал БФМ ТВ за заканата дека ќе ја изгуби работата само поради неговиот изглед, пренесува Одити Централ.

Exclusive shots from another amazing 🤯 video 🎥 by the gifted @jimwinter.paris 🎬 by @paulgreen_photographer 📸 For @misstattoofrance #2019 💃🏻💃🏿💃 At @domaine.dampierre 🏰 Video already available on @jimwinter.paris 🎞️💥 Starring ➡️ @freakyhoody 👽🤡 #wethepeople #versus @davidmichigan 💪🏻 the #king 👑 ; #whowillwin ?! 💣😁☠️ (Who needs costume & make up anyway? 😁) #freakyhoody #davidmichigan #jimwinter #misstattoo #france #misstattoofrance #misstattoo2019 #misstattoofrance2019 #domaine #dampierre #tattoo #tattoos #tattooed #ink #inked #tatouage #tatouages #tattooedmodels #tattooedmalemodels #tattooedman #pinups #girls #ladies #beautycontest #women

A post shared by ▼▴ Sylvain ▴▼ (@freakyhoody) on

Тој тврди дека неговите претпоставени му се заканувале дека ќе го отпуштат откако добиле поплаки од родителите за неговиот неконвенционален изглед. Се испостави дека луѓето кои се пожалиле воопшто не биле родители на децата кои присуствувале на неговите часови, но имале проблем со неговите тетоважи кои покриваат поголем дел од неговото тело, вклучувајќи го и лицето, па дури и јаболчниците.

„Мојот изглед е проблем за некои луѓе, но можеби 1 од 1.000 родители се жалат, а тоа не се родители на децата кои се на мојот час“, рече тој. „Сè оди добро со родителите на децата во мојот клас.

Тетовираниот наставник вели дека му се закануваат дека ќе го отпуштат бидејќи повеќе не сакаат да се занимаваат со поплаки од родителите. Тој вели дека тетоважите не влијаат на неговата работа и дека секогаш го правел најдоброто што го знаел. Сепак, има и такви кои веруваат дека за него нема место во образовниот систем, особено околу помладите деца, а барем некои од неговите ученици признаваат дека првично го сметале за заплашувачки.

„Длабочините на неговите тетовирани очи најпрво ме исплашија“, изјави едно девојче. „Но, моите родители ми рекоа дека не треба да се плашам и сега веќе не се плашам, и тој е од скоро мојот омилен учител.

YouTube video

Единствената ситуација на Силвен оваа недела предизвика жестока дебата на социјалните мрежи во Франција. Некои тврдат дека единственото нешто што е важно се неговите наставни вештини, додека други веруваат дека поради неговиот изглед тој не треба да ги учи децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер