Наставниците добиваат откази, никој не сака да работи- Образовниот систем во Британија во криза

Училишните одбори ширум Велика Британија објавија дека се принудени да го отпуштат наставниот кадар за да се избегнат финансиски загуби, и покрај ветувањата на лабуристичката влада дека ќе вработи 6.500 нови наставници.

Ова беше едно од главните ветувања откако лабуристите дојдоа на власт во јули минатата година, но образовните синдикати сега велат дека отпуштањата на училишниот персонал веќе започнале, пренесува Гардијан.

По повеќе од една деценија кратења на финансирањето на образованието под владата на ториевците, нема простор за отстапки, така што оваа болна мерка беше неопходна, пишува весникот.

Синдикатот на образованието предупредува дека доколку владата продолжи со планот да не финансира дополнително зголемување на платите на наставниците следната година, уште повеќе наставници ќе останат без работа.

Како што покажаа податоците објавени пред Божиќ, има сѐ помалку луѓе кои сакаат да се обучуваат за да станат наставници во основните и средните училишта.

Истовремено, тука е и проблемот со зголеменото трошење во образованието, при што секој четврти нововработен наставник останува на работното место помалку од три години, така што во 2023 година, за првпат, професијата ја напуштиле онолку наставници колку што почнале да работат во образовниот сектор, покажуваат статистичките податоци.

Училишните администратори стравуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши во зависност од зголемувањето на платите следната година.

Министерката за образование Бриџит Филипсон во декември рече дека зголемувањето од 2,8 отсто би било соодветно по зголемувањето од 5,5 отсто оваа година, додека националниот синдикат за образование повика на поголемо зголемување на платите или повеќе наставници ќе ја напуштат професијата.

Училишните администрации и синдикатите, сепак, стравуваат дека, без оглед на конечниот исход од зголемувањето на платите, може да дојде до отпуштања доколку владата побара од училиштата зголемувањето на платите да го покриваат од постоечките буџети.

Истражувањето спроведено во 90 основни училишта во Западен Јоркшир покажало дека повеќе од половина од нив планираат да го отпуштат наставниот кадар, додека 90 отсто рекле дека нема да вработуваат нови наставници.

Портпаролот на Министерството за образование рече дека владата наследила многу фискални предизвици, вклучително и дефицит од 22 милијарди фунти, но дека буџетот сепак има обезбедено одредба за заштита на клучните приоритети во образованието, вклучително и основното финансирање за училиштата.

„Знаеме дека училиштата се соочуваат со предизвици, но и покрај економскиот контекст, доделивме дополнителни 2,3 милијарди фунти за буџетите на училиштата, а 1 милијарда фунти се наменети за деца и млади луѓе со посебни потреби“, рече портпаролот.

Гундоган незадоволен од ремито со Брајтон

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.

- Откако двапати бевме во водство и одигравме навистина добро, штета што не освоиме три бода. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, почувствувавме дека ја загубивме самодовербата и вербата. Се разбира, грешките се случуваат дури и на ова ниво. Мислам дека имавме добра недела на тренинзи. Сакаме да ја пренесеме оваа моќ и енергија на натпреварите, изјави Гундоган за „Би-би-си“.

Манчестер Сити со 48 бодови останува на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Брајтон со бод помалку (47) е седми на првенствената табела. /МИА

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

Стотици луѓе на Гренланд протестираа денеска против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за освојување на арктичката територија, јави ДПА.

„Наша земја. Наш избор. Нашата слобода“, напиша на Фејсбук, Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на централно-десничарската партија „Демократи“ како одговор на фотографиите од демонстрациите во главниот град Нук.

Претходно неделава претдедателот Трамп ја повтори својата идеја Гренланд да се приклучи на САД. Тој со месеци зборува дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е дел од Данска.

На состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа во четвртокот, американскиот претседател дополнително го разгоре прашањето кога одговори на новинарско прашање за неговите планови за можна анексија.

„Мислам дека тоа ќе се случи“, рече Трамп, нагласувајќи го големото стратешко значење на островот и фактот дека Данска е многу далеку од него.

Пратениците во Гренланд реагираа со бес. Ова е „целосно неприфатлив“ пристап, изјави актуелниот шеф на владата Муте Егеде за гренландскиот весник „Сермицијак“ за време на денешниот митинг во Нук.

Луѓето излегоа на улиците и во другите градови на островот. /МИА

Агенции на ОН добиле прашалник од САД да се изјаснат дали имаат антиамерикански уверувања

 Агенциите за пружање помош на Обединетите нации добиле прашалник од САД во кој се бара да наведат дали имаат „антиамерикански“ верувања или припадности.

Помеѓу 36-те прашања на формуларот испратени од Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMB), во кои увид имал Би-Би-Си, едно прашање е дали тие имаат некаква врска со комунизмот.

Прашалникот им бил доставен на некои од најголемите хуманитарни организации во светот, како што се Агенцијата на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Агенциите на ОН стравуваат дека потегот на ОМБ е знак дека САД планираат целосно да се повлечат од хуманитарната работа или дури и од Обединетите нации.

САД веќе ја напуштија Светската здравствена организација, и тоа уште на првиот ден од вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД.

Американскиот државен секретар Марко Рубио неделава објави дека се суспендирани огромно мнозинство од програмите на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци веруваат дека нивната земја троши премногу за странска помош./МИА

притисни ентер