Наспроти очекувањата, пандемијата со Ковид-19 ги зацементира врските на ЕУ со Западен Балкан

Колумна на Комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Во мај, главниот град на Хрватска, Загреб, требаше да биде домаќин на самитот на Европската унија и Западен Балкан, каде што лидерите, покрај другите учесници, требаше да го поддржат економскиот и инвестицискиот план за регионот. Овој план е еден од трите низи од новиот пристап на Европската комисија за регионот за да ги надополни првите две: ревидираната методологија за проширувањето на ЕУ, која Европската комисија ја претстави во февруари со цел да ја возобново кредибилноста на една од најважните политики на ЕУ, како и одлуката да отвори преговори за членство со Албанија и Македонија. Во март, лидерите на ЕУ ја потврдија одлуката како и ревидираната методологија.

Пандемијата со Ковид-19 не го фрли на страна овој план, кој е внимателно поставен: не ја смени нашата цел, амбиција, ниту пак нашата одлучност. А, многу лесно можеше да биде така: пандемијата силно ја погоди Европската унија и целиот континент и предизвика незамисливи загуби на животи. Комисијата презеде вонредни мерки за да ги поддржи и да им помогне на земјите-членки да се справат со кризата, да спасат животи, да ги заштитат здравствените системи и да го ублажи социјалниот и економскиот удар. Исто така, Комисијата даде јасно до знаење дека пандемијата единствено може да биде поразена со глобална акција и преку соработка со партнерите.

Ова беше особено очигледно на Западниот Балкан како регион кој е во срцето на Европа и кој е целосно опкружен од земји-членки на ЕУ. Западниот Балкан беше и првиот регион каде ваквото размислување се преточи во акција. Откако потешкотиите беа надминати првите неколку дена, Комисијата направи конкретни чекори во втората половина на март за да обезбеди поддршка за сите партнери во регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Мерките пружија помош за итни потреби и економско заздравување. Финаниската помош досега е неспоредлива во износ од 3,3 милијарди евра за грантови и заеми.

Но, ова не е крај на солидарноста, која е досега невидена: со оглед на неговата европска перспектива, ЕУ ги третира земјите на Западниот Балкан како привилегирани партнери со тоа што им овозможува пристап до многу иницијативи и инструменти за земјите-членки. Ги поканивме владите да станат дел од договорот на ЕУ за набавки на медицинска опрема, го иззема регионот од одобрението за извоз, додека пак Зелениот коридор, со кој се олеснува транспортот на стоки беше проширен до границите на регионот и во него. Регионот е поврзан со надлежни тела на ЕУ за здравство и земјите кои се во преговори ќе можат да искусат придобивки од солидарниот фонд на ЕУ. Исто така, ЕУ ја цени поддршката од партнерите од Западниот Балкан која ја доби, како на пример медицински работници и опрема.

Загрепскиот самит сепак ќе се одржи како видео-конференција. Влеговме во кризата заедно и треба да излеземе исто така заедно. Ќе го поддржиме регионот во заздравувањето на економијата, која истовремено ќе ги доближи партнерите поблиску до ЕУ. Нашите економии се тесно интегрирани и економскиот и инвестицискиот план, кој се очекува во втората половина на годинава, ќе стане уште поважен. Неговата цел е да поттикне долгорочно заздравување, да ги модернизира економиите, да го зајакне растот и да ги поддржи реформите кои се потребни на патот кон членство во ЕУ, за да на тој начин да започне да се затвора јазот во развојот и да се приближуваат придобивките побрзо до луѓето.

Планот ќе се фокусира на поврзаноста, поконкретно на транспорт и енергетика, како и на економија во функција на луѓето и преку дигитална и „зелена" трансформација. Во следниве недели и месеци, регионот ќе може да биде дополнителна инспирација на планот преку предложување конкретни планови и идеи и преку тесна соработка. Регионална соработка и добрососедски врски ќе бидат од клучна важност за економското заздравување. Исто така важно ќе биде и продолжувањето со реформите, што значи не само усвојување на законодаството, туку имплементација на дело на преземените мерки. Мора да се продолжи со фокусот на владеење на правото, функционални демократски институции и јавна администрација.

Заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе излеземе посилни: пандемијата со Ковид-19 јасно потврди дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија. Направивме важни чекори годинава и покрај пандемијата и треба да продолжиме со уште чекори за вистински обединет европски континент./МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Белгиски суд го закажа првото сослушување за случајот „Фајзергејт“

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за 17 мај закажа рочиште во чии рамки ќе се одржи сослушување по кое ќе треба да одлучи дали истрагата за сомнежите за неправилности околу набавката на вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“ од страна на ЕУ е во надлежност на Јавното обвинителството на Белгија или на Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за случај, кој во медиумите беше наречен „Фајзергејт“, со кој се поврзува актуелната претседателка на Европската комисија и главна фаворитка за реизбор на функцијата Урсула фон дер Лајен.

Случајот го обелодени „Њујорк Тајмс“ во април 2021 година објавувајќи дека набавката на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 за ЕУ, Фон дер Лајен ја договарала лично во разговор по мобилен телефон со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Врз основа на овие наводи, белгискиот активист и лобист специјализиран за трговски односи Фредерик Балдан лани во април поднесе тужба против Фон дер Лајен пред Судот во Лиеж обвинувајќи ја за „злоупотреба на функцијата и звањето“, „уништување на јавни документи“ и „незаконско богатење и корупција“. Дополнително кон тужбата се приклучија и десетина организации и поединци, но и две земји членки на ЕУ - Унгарија и Полска, кои во тоа време беа во спор со Фон дер Лајен, поради одлуката на Европската комисија да ја замрзне исплатата на средства од еврофондовите за нив.

Истрагата веднаш ја презеде Европското јавно обвинителство со образложение дека во негова надлежност се „нанесувањето штета на буџетот на ЕУ, случаи од наднационална природа, како и процеси кои веројатно ќе влијаат на угледот на институциите на ЕУ и довербата на граѓаните“.

Но, од друга страна се појави и спротивно мислење на белгиски истражен судија кој смета дека случајот треба да остане во надлежност на Јавното обвинителство на Белгија и иницираше паралелна истрага по наводите на национално ниво.

Согласно правилата на ЕУ, во случај на судски спор на институција на Унијата со земја членка „за одредување на јурисдикцијата треба да одлучат надлежните национални органи“.

Тоа во конкретниот случај значи дека Судот во Лиеж ќе треба да одлучи во чија надлежност ќе биде истрагата во понатамошната постапка на ЕППО или белгиското Јавно обвинителство. Се очекува на сослушувањето двете страни да изнесат аргументира која од нив треба да биде надлежна за истрагата. По ова, Судот ќе треба да оцени која од двете истраги е законска и треба да продолжи, а која треба да биде прекината.

Инаку ова не е прва правна постапка поврзана со т.н. скандал „Фајзергеј“. Истрага спроведе и Омбудсманот на ЕУ, кој во јуни 2022 година оцени дека станува збор за случај на „лошо администрирање“, додека „Њујорк Тајмс“ во февруари годинава покрена процес пред Судот на правдата на ЕУ.

Сослушувањето во Судот во Лиеж доаѓа на 20-тина дена пред изборите за членови на Европскиот парламент, на кои Фон дер Лајен е т.н. „шпиценкандидат“ на Европската народна партија (ЕПП), односно кандидат за втор мандат на чело на Еврокомисијата. /МИА

притисни ентер