Наследила ,,парче стакло”, па во емисија открила дека се сафири и дијаманти

Британка која наследила накит од нејзината баба, остана без зборови кога ја откри неговата вистинска вредност во емисијата Roadshow на Би-Би-Си.

Жената му открила на експертот Џон Бенџамин дека го однела брошот кај некои златари за проценка, но и било кажано дека не вреди ништо. „Го наследив од баба ми, која му го дала на татко ми, а тој ми го даде да го носам на денот на мојата свадба, што го сторив“, рекла жената.

За малите камчиња околу каменот, некои и рекол дека не вредат ништо, други дека дијамантите се со лош квалитет. Тогаш Џон и открил дека претходните проценители не биле во право. „Па, брошот е направен во втората половина на 19 век, така што е стар околу 130, 140 години“.

„Така, ви рекле дека станува збор за незабележително парче накит поставено на парче сино стакло кое не вреди ништо“, продолжи тој. „Ова воопшто не е стакло затоа што каменот во средина е огромен сафир“.

Тој го процени сафирот на 25 до 30 карати и поради бојата верува дека потекнува од Цејлон, односно денешна Шри Ланка.

Експертот потврдил дека 22 бели дијамантски камења се вградени во злато и сребро.

„Никогаш не сум видел сафир со ваква големина во ова шоу“, продолжил Џон со својата проценка. „Очекувам да се продфаде за 40 000 до 50 000 фунти на аукција“, рече тој. Публиката во позадина аплаудирала, а жената останала во шок и без зборови.

„Што друго да ви кажам. Неверојатно е“,рекол Џон.

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер