Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
2Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
3Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
2Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ЗабаваНаскоро Златна Бубамара „Ќе го преживееме и ова во животов!!! на Канал 5 со најслушаното радиоНајслушаното регионално радио, „Радио Бубамара“ се подготвува за 24 вонредно пандемиско издание на Златна Бубамара – под слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов!!!Манифестација Златна Бубамара веќе неколку години е најголемиот регионален бренд. Наскоро најслушаното радио и најгледаната телевизија Канал 5 повторно ќе ја освојат домашната и регионалната публика. На Канал 5 телевизија традиционално и годинава ќе може да ја проследите Златната Бубамара, која сега ќе се одржи во пандемиски услови со слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов!!! Инаку според истражување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Радио Бубамара е најслушана регионална станица и во последниот квартал на 2020 година. Со тоа Бубамара го продолжи и заокружи својот статус на најслушано регионално радио во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања - од 2018 наваму. Во истражувањето на периодот октомври-декември 2020, Радио Бубамара води 5 проценти пред второрангираната радио станица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), денеска изјави дека чувствува желба кај Соединетите Американски Држави (САД) и Иран да се вратат на преговарачката маса, додавајќи дека е подготвен да помогне во тој процес. Во интервју за „РИА Новости“, тој оцени дека продолжувањето на преговорите е од суштинско значење и треба да се случи што е можно поскоро. „Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси. САД и Иран моментално одржуваат индиректен контакт преку катарско посредување. Како што претходно објави „Ројтерс“, посредниците одржуваат одвоени консултации со американската и иранската страна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и претставниците на Катар остануваат во САД. Една од главните теми на консултациите беше изменета верзија на седумдневниот план за отворање на Ормускиот Теснец, предложен од Техеран. Иранската нуклеарна програма, исто така, останува клучно прашање во однос на потенцијалното продолжување на дијалогот.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаваријаВладата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата. Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчини по победата над Турција: Вистинскиот одговорИталијанската фудбалска репрезентација предводена од Роберто Манчини им ги врати насмевките на лицата на фановите со убедлива победа од 4:1 над Турција во Бурса. По ремито без голови против Белгија, „Аѕурите“ одиграа многу подобро, особено во нападот. Манчини не сакаше да издвојува поединци, туку одлучи да го пофали целиот тим. „Сакам да зборувам само за тимот, бидејќи сите одиграа одличен натпревар денес. Беше тежок меч, но му пристапивме на вистински начин; игравме со висока линија и бевме агресивни во текот на целиот натпревар“, изјави Манчини. Сега за Италија претстои голем предизвик – натпреварот против Франција во Париз. Иако домаќините ќе бидат без Килијан Мбапе, Манчини смета дека Франција останува главен фаворит за освојување на првото место во групата. „Ќе се обидеме да се опоравиме и да бидеме подготвени за натпреварот во Париз. Сепак, оптимист сум. Имаме многу млади и посвежи играчи кои можат да ни помогнат“, изјави селекторот на Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook