Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
2Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
МакедонијаНаскоро домашна ракија во продавниците и кафеанитеНовиот предлог закон за акцизи на алкохолните пијалаци кој наскоро треба да се најде пред владата, а потоа и во собранието носи драстични промени во можноста да се произведува и продава домашна ракија.Со новиот закон конечно се олеснуваат значително околностите под кои лозарите можат да произведуваат домашна ракија која ќе може легално да се продава во маркетите и во угостителските објекти. Секој индивидуален производител ќе може да произведе еден тон чист алкохол или два тона ракија со јачина 50 степени да плати по 30 денари за бандерола за литар од 45 степени и да ја понуди на пазарот. Освен индивидуалните производители на алкохол новите измени во законот нудат можност и за отворање на мала дестилерија која ќе може 2 тона чист алкохол или 4 тона 50 степени ракија да ја продаваат со 50% помали давачки од сегашните кои и натаму ќе важат за големите винарии и дестилерии. Законските олеснувања одат до таму што веќе не мора да се кријат производителите на домашна ракија и вино бидејќи ќе бидат ослободени до 200 литри чист алкохол и до 500 литри вино да си произведат за свои потреби без никакви процедури и давачки. Покрај ова во подготовка се и законските измени на законот за вино преку кој ќе се овозможи конечно и во земјава едноставно да се регистрира мала семејна винарија. Со овие законски измени се создаваат услови за зголемување на понудата на алкохолни пијалаци и поголема конкуренција, државата ќе ја сузбие сивата економија, ќе се создадат услови за само вработување ќе се помогне развојот на руралниот туризам и ќе се овозможи заштита на потрошувачите преку задолжителната контрола на ракијата и виното за на пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Македонија„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињатаПивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива.Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете. Подарок-пакетчињата содржат практични училишни материјали и внимателно одбрани производи, како симболичен гест на грижа и внимание за децата на нивниот прв училиштен ден. Акцијата започнува денеска, 31 август и ќе трае до крајот на септември 2026 година, односно до распределување на однапред утврдените количини на подарок-пакетчиња. „Првиот училиштен ден е еден од најважните моменти во детството и спомен што останува за цел живот. Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме овој прв ден да биде позитивно и незаборавно искуство. Особено сме задоволни што акцијата, која минатата година наиде на одличен прием, повторно ги обединува нашите партнери околу една заедничка и значајна цел: создавање радосни моменти за најмладите членови на заедницата и нивните семејства“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје. Акцијата се реализира со поддршка од дистибутерската компанија НЕЛТ и партнерските маркети: Веро, Рамстор и Шпар, кои се приклучуваат кон иницијативата и овозможуваат подарок-пакетчињата да бидат достапни на повеќе локации низ земјата. „Тргнувањето во прво одделение е голем и возбудлив чекор не само за секое дете, туку и за целото семејство. Со оваа акција сакаме да им подариме внимание, охрабрување и мал знак на поддршка на првачињата во моментот кога го започнуваат своето образовно патување. За нас е особено важно што, заедно со нашите партнери, и оваа година ја продолжуваме иницијативата и создаваме вредност за заедницата преку грижа за најмладите генерации“, изјави Јована Вазиќ, менаџерка за корпоративни работи и одржливост на Бамби. Родителите и старателите чии деца годинава тргнуваат во прво одделение ќе можат бесплатно да подигнат подарок-пакетче на означените места во вклучените продажни објекти. За да се обезбеди еднаков пристап, на сите вклучени локации ќе важат исти правила, со можност за подигнување едно подарок-пакетче за секое дете кое годинава тргнува во прво одделение. Исполнувањето на овој услов ќе се потврдува исклучиво со краток увид во соодветен документ со кој се потврдува возраста на детето, без копирање или задржување на документот и без евидентирање какви било лични податоци на детето. Целосната листа на вклучени продажни места, периодот на акцијата, расположливоста на пакетчињата и правилата за нивно подигнување ќе бидат јавно и навремено објавени на следниот линк. Со продолжувањето на оваа акција, Пивара Скопје и Бамби ја потврдуваат својата посветеност кон општествено одговорното работење, партнерството со локалните заедници и поддршката на иницијативи што создаваат позитивни искуства за децата и нивните семејства, соопштуваат од компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44