Нашиот селектор Александар Џикиќ прогласен за најдобар тренер во Словенија - Канал 5

Нашиот селектор Александар Џикиќ прогласен за најдобар тренер во Словенија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ е прогласен за најдобар тренер во Словенија за сезоната 2013/2014.

Нашиот селектор Александар Џикиќ прогласен за најдобар тренер во Словенија
Во изборот на тамошното Здружение на кошаркарските тренери Џикиќ признанието го доби поради успехот со Крка. Српскиот стручњак со тимот од Ново Место до двојната круна во Словенија минатата сезона.

Џикиќ доби 72 гласа од вкупно 159 новинари што учествуваа во изборот.

Второто место со 45 гласа го освои сегашниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Змаго Сагадин, кој минатата сезона работеше во Хелиос.

Третото место му припадна на поранешниот македонски селектор Алеш Пипан од Унион Олимпија, со 18 гласа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари.

По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта на територија на Општина Карпош, при што на првоодделенците ќе им бидат врачени ранчињата и училишниот прибор.

Со оваа мерка, Општина Карпош ќе им посака топло добредојде на најмладите ученици и успешен почеток на нивното образование, а воедно обезбедува и финансиска поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. 

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

„Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер