НАСА за првпат лансира екипаж со сонда и повеќекратна ракета на СпејсЕкс - Канал 5

НАСА за првпат лансира екипаж со сонда и повеќекратна ракета на СпејсЕкс

Ракетата „Фалкон 9" лани на 30 мај од Вселенскиот центар „Џон Кенеди" на Флорида за првпат изврши успешен лет со пилоти во орбитата на МВС, како прв таков лет на приватната компанија СпејскЕкс.

НАСА за првпат лансира екипаж со сонда и повеќекратна ракета на СпејсЕкс

Американската Национална воздушна и вселенска агенција (НАСА) следната недела испраќа свој екипаж на Меѓународната вселенска станица со сонда за повеќекратна употреба и повеќекратна товарна ракета од прва етапа, соопши Кети Лудерс, раководител на програмата за полети со пилоти.

Стартот на сондата „Кру драгон" со товарната ракета „Фалкон 9" е планиран за 22 април.

-За првпат ќе употребиме повеќекратна сонда и повеќекратна прва етапа, изјави таа за време на брифинг пред закажаниот старт.

На МВС ќе бидат испратени астронаутите на НАСА, Роберт Кимбро и Меган Макартур, како и францускиот Тома Песке, и јапонскиот Акихико Хосида.

При подготовката на летот беше откриен технички проблем (отклонување во индикаторите забележан за време на полнење гориво во ракетата), но специјалистите имаат намера да го отстранат до стартот. Од друга страна, астронаутите кои се сега на МВС, Шенон Вокер, Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Соити Ногучи, на 28 април ќе се вратат со сондата.

Ракетата „Фалкон 9" лани на 30 мај од Вселенскиот центар „Џон Кенеди" на Флорида за првпат изврши успешен лет со пилоти во орбитата на МВС, како прв таков лет на приватната компанија СпејскЕкс. До тогаш, од 2011 година, кога беше запрена шатл програмата на НАСА, американски астронаути можае да заминат на МВС само со руската ракета „Сојуз".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Докторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони

Употребата на паметни телефони го зголемува ризикот од главоболки кај децата за 1,5 пати, а кај предиспонирани пациенти може да предизвика порано појавување на мигрена.

Докторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони

Ова го изјави неврологот во Федералниот центар за неврохирургија во Новосибирск и вонреден професор на Одделот за невронауки на Државниот универзитет во Новосибирск, Галина Мојсак.

Еквиваленти или прекурсори на мигрена

„За жал, мигрените кај најмладите ретко се препознаваат на време денес. Честопати, возрасните ги толкуваат проблемите на децата како нормално преоптоварување на училиштето или замор. Сепак, првите напади можат да се појават уште на возраст од три до пет години“, објасни Мојсак.

Таа забележа дека клиничката слика на мигрена кај децата може значително да се разликува од онаа кај возрасните. Болеста не секогаш започнува со карактеристична еднострана пулсирачка главоболка.

„Покрај типичната болка од мигрена, децата доживуваат таканаречени еквиваленти или прекурсори на мигрена. Тие вклучуваат, на пример, повторливи, интензивни епизоди на повраќање во отсуство на гастроинтестинални или заразни причини или ненадејни напади на вртоглавица. Само по некое време, понекогаш месеци или години, овие симптоми се развиваат во класична главоболка“, нагласи специјалистот.

Намалување на сивата материја во мозокот

Според докторката, важно е родителите да не ги игнорираат повторувачките циклични поплаки на своето дете за лошо расположение и гадење, особено по преоптоварување или продолжено изложување на дигитални екрани, и навремено да се консултираат со педијатриски невролог.

Мојсак претходно изјави за ТАСС дека луѓето кои страдаат од хронични мигрени (со напади што се случуваат повеќе од 15 пати месечно) доживуваат намалување на сивата материја во мозокот, што може да доведе до намалена концентрација и оштетување на меморијата.

Таа наведе строго придржување кон дневната рутина, ограничување на предизвикувачите и одење во кревет во исто време како примарен метод за заштита на нервниот систем без лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)

Уште една „прошетка“ на диви свињи во населено место е снимена вчера вечерта во Солун, вториот по големина град во Грција.

Крдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)

Како што може да се види во видеото објавено на TikTok, вкупно 12 диви свињи се забележани во областа Харилау, објавија грчките медиуми.

„Мислам дека вечерните излети завршуваат тука“, напиша жител на областа, кој го снимаше крдото диви свињи.

Животните, кои можат да бидат исклучително опасни, мирно шетаа среде ноќ во потрага по храна, без никој да ги допре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија

Албанецот Албин Бејтулаху (23) од Вучитрн е осомничен за вмешаност во убиството на 15-годишно момче во Марсберг, Германија. 

Албанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија

Тој се предал на полицијата заедно со неговиот соучесник откако германските власти издале налог за претрес по нив, објави Билд.

Полицијата во Дортмунд соопшти дека двајцата осомничени, на возраст од 22 и 23 години, се предале на властите.

Претходно биле издадени налози за апсење поради сомнение за убиство со умисла и нанесување тешки телесни повреди.

Според германските власти, тие се осомничени дека учествувале во тепачка во населбата Есенто во Марсберг во саботата, 19 септември, во близина на приватна роденденска забава.

За време на тепачката, 15-годишникот од Дортмунд бил избоден со нож и починал на местото на настанот. Друг млад човек, на возраст од 18 години, се здобил со тешки повреди и е однесен во болница.

Полицијата започнала потрага по осомничените и објавила нивни фотографии. Полицијата, исто така, користела хеликоптер за време на претресот во областа Марсберг. Властите соопштија дека, и покрај нивното бегство, немало проценка дека постои закана за населението.

Осомничените се од Хам. Според информациите објавени од германските медиуми, едниот е грчки државјанин, додека другиот е од Косово. Тие се идентификувани како Алекс Олтаси (22) и Албин Бејтаљаху (23).

По нивното предавање, јавната потрага по нив е прекината. Во среда, на 23 септември, двајцата се изведени пред судија за притвор.

Истрагата за околностите и мотивот на конфликтот продолжува. Обвинителството сè уште не објавило целосни детали за тоа како започнал конфликтот и што довело до употреба на насилство. Властите, исто така, ја истражуваат специфичната улога на секој од двајцата осомничени.

Според непотврдени информации, група млади мажи се судриле поради девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер